2.8 C
Скопје
18:30 - 20 декември, 2024

Што е коронавирусот/ковид-19 и што навистина нè научи?

Силно верувам дека сè што се случува има своја духовна цел, без оглед дали тоа го сметаме за добро или лошо.

Бидејќи размислувам за ова, сакам да споделам со вас што сметам дека навистина ни прави коронавирусот/ковид-19:

  1. Нè потсетува дека сите сме еднакви, без оглед на нашата култура, религија, занимање, финансиска состојба или колку сме славни. Оваа болест нè третира сите подеднакво, можеби и треба. Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.
  2. Нè потсетува дека сите сме поврзани и нешто што влијае на една личност има ефект врз друга. Нè потсетува дека лажните граници што ги поставивме не вредат многу, бидејќи на овој вирус не му треба пасош. Тоа нè потсетува, угнетувајќи нè за кратко време, на оние во овој свет кои целиот живот се угнетени.
  3. Нè потсетува колку е скапоцено нашето здравје и како тргнавме да го занемариме со јадењето преработена храна без хранливи материи и пиејќи вода загадена со хемикалии преку сите граници. Ако не се грижиме за нашето здравје, секако ќе се разболиме.
  4. Нè потсетува колку е краток животот и на она што е најважно за нас, а тоа е да си помагаме едни на други, особено на оние што се стари или болни. Нашата цел не е да купуваме тоалетна хартија.
  5. Нè потсетува на тоа колку материјалистичко стана нашето општество и како, кога во време на тешкотии, се сеќаваме на најважните работи што ни се потребни (храна, вода, лекови), наспроти луксузот кој понекогаш непотребно високо го вреднуваме.
  6. Нè потсетува на тоа колку е важно нашето семејство и домашниот живот и колку сме го запоставиле тоа. Сето ова нè принуди да се вратиме во нашите домови за да може повторно да ги изградиме и да ги зајакнеме нашите семејни заедници.
  7. Нè потсетува дека нашата вистинска работа не е нашата професија, тоа е она што го работиме, но тоа не е целта на нашето постоење. Нашата вистинска работа е да се грижиме едни за други, да се заштитиме едни со други и да бидеме корисни за другите.
  8. Нè потсетува дека треба да го контролираме своето его. Ни кажува дека колку и да мислиме дека сме извонредни или колку другите да мислат дека сме извонредни, вирусот може да го замре нашиот свет.
  9. Нè потсетува дека силата на слободната волја е во наши раце. Можеме да одлучиме да меѓусебно соработуваме и да си помагаме, да споделуваме, даваме и меѓусебно да се поддржуваме или можеме да избереме да бидеме себични, материјалисти, да се грижиме само за себе. Навистина, проблемите ги откриваат сите наши бои.
  10. Нè потсетува дека може да бидеме трпеливи или може да паничиме. Или можеме да сфатиме дека ваква ситуација во историјата се случила многупати и ќе помине, или можеме да дигаме паника и да ја гледаме како крај на светот и, според тоа, да си нанесеме повеќе штета отколку корист.
  11. Нè потсетува дека ова може да биде крај или нов почеток. Ова може да биде време на размислување и разбирање, време во кое учиме од своите грешки, или ова може да биде почеток на циклус кој ќе продолжи и понатаму сè додека конечно не ја научиме лекцијата што ни е наменета.
  12. Нè потсетува сите нас дека оваа Земја е болна. Нè потсетува дека на брзината со која се сечат и исчезнуваат шумите треба да го гледаме со иста загриженост како и кога гледаме со колкава брзина ја снемува тоалетната хартија од полиците. Болни сме зашто нашиот дом е болен.
  13. Нè потсетува дека по секоја тешкотија секогаш станува полесно. Животот е цикличен, а ова е само фаза во тој голем круг. Не треба да креваме паника и ова ќе помине.
  14. Иако многумина го гледаат коронавирусот/ковид-19 како голема катастрофа, јас повеќе сакам да го доживеам како „голем коректор“, испратен да нè потсети на важните лекции што сме ги заборавиле, а од нас зависи дали ќе ги научиме или не.

The post Што е коронавирусот/ковид-19 и што навистина нè научи? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....