2.8 C
Скопје
19:55 - 23 декември, 2024

Шест загинати во силното зимско невреме кое пустошеше низ речиси цела Европа

Силното зимско невреме однесе шест животи во Полска, Швајцарија, Шведска, Словенија и Велика Британија, водушниот сообраќај во делови на Германија е прекинат, а стотина илјади домаќинства ширум северна Европа останаа без електрична енергија, јавува агенцијата „ДПА“.

Во скијачкиот центар Буковина Тарзанска во Полска загина 52-годишна жена и нејзината 15-годишна ќерка, откако силен ветер им го оддувал кровот на нивната куќа. Притоа тешко повредена е и една 21-годишна девојка, а 16-годишно момче претрпело повреди на главата.

Во Шведска еден маж го загуби животот, а втор е прогласен за исчезнат по превртување на нивниот чамец во езеро на југозападот на земјата. Чамецот се превртел поради силниот ветер, а по исчезнатиот маж трагаат хеликоптери.

Во јужна Англија загина 58-годишен маж откако врз неговиот автомобил паднало дрво кое било срушено од силниот ветер. Во делови и Британија врнеше дожд речиси цели 24 часа, а толкави количества на дожд во просек паѓаат во период од 45 дена. Бројни патишта се поплавени, и сообрќајот е ограничен на повеќе локации.

Во швајцарскиот кантон Фрибоург силен ветер оддува приколка на автомобил и дошло до судир на автомобили, несреќа во која загина 36-годишен човек.

Словенија исто така имаше сериозни проблеми, каде силен ветер вчеравечер направи хаос во североисточниот дел на земјата, сообраќајот беше прекинат, а многу домови останаа без електрична енергија. Едно лице загина кога врз автомобил паднало стебло.

На бреговите на Данска, Норвешка, Шведска и Финска нивоата на водата значително пораснаа. Поради невремето без екектрична енергија останаа жителите на Франција, Чешка, Полска, Велика Британија, Естонија и Латвија.

Кјара направи хаос во Европа (ВИДЕО)

The post Шест загинати во силното зимско невреме кое пустошеше низ речиси цела Европа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....