12.8 C
Скопје
13:22 - 18 декември, 2024

Рускоска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ, бара извинување толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска вчера преку полномошник до коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доставила опомена пред тужба за клевета. Причина се дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција насловен како „Криминална приказна“.

Во посочениот изборен спот, мајката го прашува детето која приказна сака да му ја прочита, а нејзиниот избор паѓа на приказна, која во спотот е прикажана со наслов: „Зоран и илјадниците ветувања“. Во нарацијата како главни протагонисти се споменуваат „Црвенкапа, Зоран, Вицето и Рада“. Приказната што мајката му ја раскажува на детето, завршува со порака на Зоран до Црвенкапа: „Многу прашуваш ти, ќе ми направиш проблеми. Имам претчувство дека Вилма ќе те викне да си одбереш за што да ти покрене обвинение”.

Нарацијата завршува со констатација „…И сите криминално си живееја. Потоа им дојде даскалот“, а спотот завршува со партиската порака „Време е за посреќна приказна за вашите деца“.

Рускоска не сака да биде поврзувана со која било партија.

-Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат. Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ, вели Русковска за „Дојче Веле“.

Рускоска бара извинување толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите. Доколку тоа не се случи, ќе биде поднесена тужба пред граѓански суд.

The post Рускоска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ, бара извинување толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите appeared first on Слободен печат.


Рускоска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ, бара извинување толку пати колку што и спотот бил емитуван на секоја од телевизиите was first posted on јули 4, 2020 at 9:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....