2.8 C
Скопје
16:23 - 20 декември, 2024

Русија најави дека во септември ќе почне да произведува вакцина против Ковид-19

Русија планира во септември да почне да произведува вакцина против новиот коронавирус откако ќе завршат клиничките испитувањеа во јули и лекот добие дозвола во август.

– Вакцината во моментот клинички се испитува на доброволци, изјави заменичката на рускиот премиер Татјана Голикова.

Рускиот Национален истражувачки центар Гамалеја за епидемиологија и микробиологија во мај соопшти дека разви вакцина проти Ковид-19.

– Вакцината нема нуспојави. Научниците од Институтот вакцината прво ја испитаа на животни, а потоа на себе, истакна директорот на Институтот, Александар Гинзбург.

Вакцината сега се испитува на 50 војници доброволци во Воено истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да биде завршено до крајот на јули.

– На пронаоѓање на лек за Ковид-19 во Русија независно работат седум истражувачки институти, а три проекти се ветувачки, посочи Голикова.

Праксата во светот покажува дека е потребна една година за да се развие вакцина и истата да се најде во продажба.

The post Русија најави дека во септември ќе почне да произведува вакцина против Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Русија најави дека во септември ќе почне да произведува вакцина против Ковид-19 was first posted on јуни 14, 2020 at 10:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....