Кристијано Роналдо освен што е еден од најдобрите фудбалер во светот, тој на дело покажа дека е голем човек и тоа во време кога целиот свет се бори со пандемијата на коронавирусот.
Роналдо има ланец на хотели во неколку европски земји како што се Португалија, Франција, Шпанија, и одлучи сите свои хотели да ги претвори во болници во кои ќе се лечат заразените лица со коронавирусот.
Тој одлучи од свој џеб да ги плаќа лекарите и медицинскиот персонал кои ќе бидат сместени во неговите хотели.
„Светот поминува низ тешки моменти кои бараат нега и внимание од сите нас. Денеска не ви пишувам како фудбалер, туку како син, татко и како човек кој е загрижен за сето тоа што се случува и влијае на целиот свет. Многу е важно да ги следите советите на Светската здравтствена организација и владите на своите држави за во времето кога владее пандемија на коронавирусот“, напиша Роналдо на неговиот инстаграм-профил.
Кристијано Роналдо во моментов е во самоизолација во Мадеира откако замина во родната земја поради здравствената сосотојба на мајка му. Тој мора да биде изолиран затоа што неговиот соиграч Даниеле Ругани беше позитивен на коронавирусот.
The post РОНАЛДО Е ГОЛЕМ ЧОВЕК: Своите хотели ги претвора во болници за лечење на коронавирусот appeared first on Слободен печат.