-1.2 C
Скопје
18:57 - 22 декември, 2024

РЕПОРТАЖА: Кападокија, „земјата на убавите коњи“

Античката област Кападокија во централна Турција чии најрани спомени датираат од 6 век п.н.е. во 2019 година забележа рекорден број од 3.834.134 туристи. Оваа бројка покажува дека „земјата на убавите коњи“, како што се толкува значењето на нејзиното име, станува сѐ попосетен регион бидејќи, споредено со претходните години, бележи континуиран висок пораст на туристи. Во 2019 година посетеноста на Кападокија во споредба со 2018 година, која се сметала за нејзина „златна година“ во туризмот, пораснала за 30 отсто, а во однос на претходните две години за 73 и 157 отсто.

Според Талип Алдемир, претседателот на Претставничкиот регионален одбор на Кападокија на Унијата на патнички агенции на Турција (ТУРСАБ) регионот привлекува туристи од целиот свет од кои најбројни се оние од Далечниот Исток, по кои следат Русите и туристите од европските и балканските земји. Најмногу туристи привлекува Музејот на отворено во местото Ѓореме, кој лани го посетиле околу 1.400.000 туристи, а најголема посетеност била забележана во август со 566.000 туристи.

Магични места

Постојаниот пораст на туристи потекнува од широките и разновидни можности кои ги нуди оваа област. Тоа се невидената убавина од чудесни карпи со милениуми обликувани од водата и ветрот и високи столбови од наслаги на мек вулкански камен кои Турците ги нарекуваат „самовилски оџаци“, потоа, историските манастири од најраниот христијански период кога христијаните биле прогонувани од Римјаните и засолнувајќи се во Кападокија изградиле цели подземни градови и издлабиле цркви во карпите на ова место. Сепак, атракција која најмногу ги привлекува туристите од светот и чини од 150 до 200 евра е летот со балони при која истовремено на изгрејсонце полетуваат до 100 балони и туристите имаат можност да уживаат во чудесниот нереален пејзаж на долината што потсетува на месечевата површина.

 

Интересот кон летот со балони е преголем, па затоа сите туристи не можат да бидат услужени, што е случај и со останатите капацитети за преноќување.

Нов рекорд на посетеност

Целта на туристичките оператори е достигнување на нови рекордни 5 милиони туристи во 2020 и 7 милиони туристи во 2023 година, вели Алдемир кој истакнува дека за постигнување на овие бројки е потребно подобрување на инфраструктурата и зголемување на бројот на леглата во ноќевалиштата.

The post РЕПОРТАЖА: Кападокија, „земјата на убавите коњи“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....