-3.2 C
Скопје
03:49 - 23 декември, 2024

Регулатива: ЕВН има обврска еднаш годишно да чита броила?!

Читањето на броилата и високите паушали за последните месеци и натаму ги збунуваат граѓаните. Но искуствата покажуваат дека ова не е првпат, односно дека и во време кога немаше коронавирус, се случуваа порамнувања на сметки, со тоа што претходно се наплатуваа повисоки сметки, а потоа, во следните фактури, се одбиваше она што е вишок наплатено.

ЕВН во јавноста се брани со Правилата за снабдување со електрична енергија. ЕВН има обврска да изврши отчитување на мерните уреди минимум еднаш годишно и/или при промена на цената на електричната енергија. Дел од граѓаните слушнале за ова, дел се зачудени, но сите се незадоволни од можноста паушално да се наплатува.

– Знам дека ЕВН Македонија има обврска еднаш годишно да изврши читање на мерилата, но се прашувам, како одредуваат колку електрична енергија сум потрошил во останатите единаесет месеци – прашува жител на Ново Лисиче.

– За април добив сметка од 3.600 денари, а за мај се „симна“ на 2.000 денари. На што се должи толкавата разлика? Се обратив во пунктот на ЕВН, од каде што ми беше посочено дека сега било прочитано броилото – вели жителка на Волково.

Според Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), броилата се читаат редовно, секој месец со евентуални отстапки, како што се случи во изминативе месеци поради пандемијата.

– Во однос на читањето на броилата и сметките за струја, најчесто немаме проблеми во зградите што имаат парно греење, но малку е потешко во куќите и во зградите што се греат на дрва или на струја. Претставниците на ЕВН според законот се обврзани да ги читаат часовите за потрошена електрична енергија еднаш во годината, но тоа го прават секој месец, со евентуални отстапки – ни рече Бислимоски.

По лавината реакции за априлските и за мајските сметки, од ЕВН посочија дека станува збор за застој во отчитувањето поради препораките за спречување на пандемијата и затоа за сите корисници биле изготвени проценети фактури.

– Некаде околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија, отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури – рекоа од ЕВН.

За да избегнат сметки со „паушална“ проценка за потрошената електрична енергија, воведена е можност за домаќинствата и за фирмите сами да направат отчитување на нивните броила и потоа да ја достават состојбата до операторот на електродистрибутивниот систем, велат од РКЕ.

И од Организацијата на потрошувачите (ОПМ) велат дека постои законска обврска за читање на броилата, но дека граѓаните имаат можност самите да си ги прочитаат броилата, па доколку забележат грешка, тоа да го пријават за да им се коригира.

– Граѓаните треба да се свесни дека покрај правата, имаат и обврски – додаваат од ОПМ.

Во изминатите години многу корисници на електрична енергија добија дигитални броила, кои автоматски се отчитуваат. Правилата за снабдување со електрична енергија последен пат се менувани лани, но Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има направено промени и претходно во 2018 и во 2015 година.

The post Регулатива: ЕВН има обврска еднаш годишно да чита броила?! appeared first on Слободен печат.


Регулатива: ЕВН има обврска еднаш годишно да чита броила?! was first posted on јуни 21, 2020 at 4:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....