Граѓаните на БиХ и на Србија синоќа беа изненадени од снег. Во Белград прво започнал да паѓа дожд во раните вечерни часови, за потоа околу 22 часот снегулки започнале да паѓаат низ одредени делови од српскиот главен град.
Набргу потоа Белград бил завеан од силен снег. Според податоците, температурата од 19 степени колку што покажувала во 14 часот, во вечерните часови паднала на два степени.
Moram ponovo, pahulhe ko rode 🤗 pic.twitter.com/yp7VYp2Tbp
— Mirjana Mimica (@Mahlat) February 26, 2020
Во БиХ заради снегот кој од вчера вечер паѓа во поголем дел од земјата, сообраќајот на повеќе улици се одвива тешко и со застој, а на возачите им се советува внимателност.
Снегот се очекува да се задржи и во текот на денот во поголемиот дел од Босна, додека на југ ќе има дожд.
The post РЕГИОНОТ ИЗНЕНАДЕН: Србија и БиХ синоќа завеани во снег (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.