-2.2 C
Скопје
00:40 - 26 ноември, 2024

Разговор со Марија Папуџиева, поранешна ракометарка задолжена за организација на натпреварите на Вардар во ЛШ: Сега тремата е далеку  поголема

Во времето кога беше ракометарка важеше за голем борец, крило кое го оставаше и последниот атом од силите на теренот, во времето на владеењето на тогашниот Кометал ЃП, таа беше дел од Вардар, а врската со „црвено-црното“ семејство е нераскинлива и таа денеска е дел и од машкиот и од женскиот тим.

Марија Папуџиева е тренер во младите категории во женскиот тим на Вардар, но, исто така е дел и од машкиот тим во една сосема поинаква улога но и во поинакво светло.

Марија е секогаш насмеана, повеќе ја нема онаа концентрација и фокусираност на натпреварот, бидејќи таа е задолжена за организација на домашните натпревари на Вардар во Лигата на шампионите и тоа го прави далеку од очите на јавноста. Марија Папуџиева е флор-менаџер на Вардар.

Без флор менаџер не може да започне ниту еден натпревар во Лигата на шампионите. Сето тоа што се случува на теренот пред натпреварот, кореографијата, танчерките, церемонијата, тајмингот на излегување на ракометарите на теренот, интонирањето на химната, проверката дали сите играчи се идентично облечени, лепенки, спонзори… Се што се случува околу теренот е должност на флор-менаџерот, тука и е договорањето со медиумите, со снимателите… Тоа е неверојатно одговорна задача – вели Марија.

фото: РК Вардар

По завршување на кариерата во 2012 година, по настапот со репрезентацијата на Европското првенство во Србија, Папуџиева влегува во машкиот тим на Вардар и тоа во сосема поинаква улога по веќе осум години е неизоставен дел од екипата. Не станува веднаш флор-менаџер, туку работата во „црвено-црното“ семејство е на поинаква функција.

По завршувањето на кариерата, на предлог на Андон Бошковски дојдов влегов во Вардар како аналитичар на натпревари. Анализите му ги предавав на Бошковски, а тој им ги презентираше на ракометарите, потоа бев задолжена за анализите за голманите. Меѓу првите анализи кои требаше да ги правам за голманите беше таа за Арпад Штербик, тоа за мене беше нешто како вау, јас ќе му правам анализа на него. Со преземањето на тимот од страна на Сергеј Самсоненко, Самоил Симев ми ја предаде новата функција која дотогаш тој ја извршуваше, флор-менаџер. И еве веќе седум години сум флор-менаџер на Вардар – открива Марија.

фото:РК Вардар

Иако не е директен актер на теренот, таа вели дека тремата е поголема со новата функција. Кога си ракометар мислите се насочени само кон натпреварот и тоа како да се победи противникот, додека сега Марија како флор-менаџер не мисли на играта, туку на се што се случува околу теренот.

Мислам дека се снајдов одлично иако сега тремата е поголема од таа кога си играч. Како ракометар знаеш дека треба да трчаш 60 минути, да не промашиш, да го дадеш максимумот, но како флор-менаџер мора да внимаваш на секој детаљ, мора се да функционира беспрекорно, доколку тоа не се случи тогаш одговорноста и последиците се само на мој товар.Натпреварот оди пред милионски аудиториум преку ТВ екраните и знаеш дека доколку не започне на време, тогаш виновникот е еден, Маја. Иако имам големо искуство, тремата е огромна пред секој натпревар, едноставно не може да се спореди со таа кога бев ракометарка и актер на теренот.

фото: РК Вардар

Иако одговорноста и тремата се големи, таа со насмевка ја одработува својата задача, а секако од голема помош е тоа што е поранешна ракометарка. Очекувано е дека некогаш ќе се појават некакви проблеми, но тие се решаваат ексресно и со насмевка.

– Сега гледам како е кога јас без ракометарка и си велев „зашто ми досадувате со ситници и детали кои не ми се битни. Треба да излезам на терен и да играм“. Но, сега како флор менаџер сфаќам дека сето тоа што било неважно за мене како играч, всушност е најважно за натпреварот. Огромна одговорност жени на моите плеќи бидејќи и тоа што се случува по натпреварот е под моја надлежност, тука мислам на прес конферециите за кое не е дозволено преголемо отстапување од предвидениот термин.

Еден од поинтересните настани е со тренерот на Талант Душебајев. Сите знаеме колку тој е темпераментен покрај аут линијата кога ја води екипата. Супервизорот од ЕХФ побара тој за 15 минути да се појави на прес конференција. Одам пред нивната соблекувална и пред да тропнам слушам како Душебајев им вика на своите играчи. Тропнав неколку пати и немаше реакција, на крајот кога веќе бевме во цајтнот со зададеното време, влегов и му велам „Ајде време е“. Тој изненаден ми се извини и веднаш замина на прес конференцијата. Во такви моменти гледате дека тој не е истиот Талант Душебајев кога која ја води екипата – раскажува Марија Папуџиева.

Марија е единствена ракометарка во Европа која сега ја извршува оваа функција. Интересно е што во земји кои се ракометни велесили како Германија и Норвешка, улогата на флор-менаџер ја извршуваат волонтери.

– Многу ме исполнува оваа улога, многу поразлично е од тоа што сум научена да го правам. Директно сум инволвирана и со судиите, присуствувам на секој технички состанок. Делегатот се консултира со мене за речиси сите работи. Од мене зависи дали натпреварот може да на време…

Иако работата на секој домашен натпревар на Вардар во Лигата на шамионите ја одработува со насмевка, Марија сепак има една замерка за челниците на екипата. Вардар во последните три години играше на фајналфор турнирот во Келн, два пати ја освои титулата, но девојката која е одговорна за беспрекорната организација на натпреварите во салата „Јане Сандански“, не беше на лице место во салата „Ланксес“ на лице место да се израдува на успесите.

– Единствено сум разочарана бидејќи барем еднаш не бев дел од експедицијата на Вардар на фајналфор турнирите во Келн. Вардар играше три пати на нив и два пати ја освои титулата. Тоа е најголема грешка на клубот, реално мислам дека ќе беше фер барем еднаш да бев дел од тимот во Келн. Секој натпревар во Скопје од ЛШ не може да започне без мене, односно се додека не дадам зелено светло и затоа ми е криво – вели Папуџиева.

Марија Папуџиева е „вардарка“ од мали нозе, првите чекори ги направи токму во женскиот клуб и тоа кога играше во салата „Расадник“ во Кисела вода. таа беше дел од тимот на Вардар кој во 1995 година триумфира во Купот на Македонија победувајќи го Унипроком во финалето, а во исто време успеа да му зеде трофеј на Кометал ЃП.

– Со ракометната топка почнав да се дружам на 13 години, бидејќи татко ми беше судија, со него кога одев на натпревари и полека го засакав ракометот. Почнав да тренирам во Вардар кај Николче Зиков, тој ми беше првиот тренер, додека во училиште работев со Стевче Василевски кој беше и дел од нашата академија. Почнав во младинската екипа но играв и за првиот тим на Вардар. Бев талентирана и бев левак што беше реткост во Македонија. Бев ситна, брза и на препорака на Оле Тодоровска почнав да играм на десната крилна позиција. Многу брзо влегов во првиот тим каде дебитирав на 16. години, а првиот натпревар ми беше токму против Кометал. Бев дел од првиот тим на Вардар 1994/95 кога триумфиравме во Купот на Македонија, го совладавме Унипроком. Тоа беа убави времиња – се потсетува Марија на своите денови поминати во Вардар.

Сепак, судбината не сакаше да ја заврши кариерата во „црвено-црниот“ дрес.

– Да, сакав така да биде крајот на мојата играчка кариера, како ракометарка на Вардар. Во 2012 година Вардар почна да се оформува под водство на тренерот Ристо Магдинчев, а потоа Сергеј одлучи посериозно да вложува во женскиот тим и ја зеде Индира Кастратовиќ за тренер, а на почетокот донесе ракометарки кои не беа врвна класа. Тие мје следеа на ЕП во Србија 2012 година но не се случи да ја завршам кариерата во Вардар. Навистина ми е криво за тоа, немав разговори со никого од клубот, но навистина е жал што носителките на репрезентацијата во тоа време како Бајрамовска, Тања Андрејева па и јас, можевме барем една сезона да одиграме во Вардар.

Љубовта кон ракометот и кон Вардар, Марија ја искажува и со уште еден ангажман, таа е тренер во младинските категории на „црвено-црните“, поточно заедно со Анжела Платон ги тренираат кадетките во кои гледа наследнички, но и шанса Македонија со макотрпна работа повторно да се врати на европската па и на светската сцена за неколку години.

фото: РК Вардар

Секако дека ме исполнува и тренерската професија. Јас имам завршено факултет за физичка култура, професор и тренер. Имав можност во Норвешка да бидам тренер на машките млади категории додека играв таму, ми беше супер да работам со младите и се пронајдов во тоа. Сега веќе две години сум помошен тренер на Анжела Платон на кадетската екипа. Нормално како и за секој амбициозен човек, така и моите амбиции се поголеми и би сакала да бидам и главен тренер во иднина. Можеби нема да водам екипа во ЛШ, но ме исполнува работата со децата, на генерациите до 18 години мислам дека тоа е нешто идеално за мене.

Моделот на работа во женскиот тим на Вардар е сличен на норвешкиот, не бараме резултати преку ноќ. Знаеме со какви деца располагаме, пред се станува збор за помлади ракометарки во однос на конкурентите. Во Суперлига мислам дека сме еднид најмладите. Од нашиот клуб излегоа 3-4 девојчиња кои веќе се дел од репрезентациите, кадетска, младинска….  Вадиме генерација која поседува талент, но од финансиски аспект ние не можеме да ја задржиме цела генерација осум години, но им даваме одличен тренерски кадар од кој можат да го впијат нашето искуство – вели Марија Папуџиева.

The post Разговор со Марија Папуџиева, поранешна ракометарка задолжена за организација на натпреварите на Вардар во ЛШ: Сега тремата е далеку  поголема appeared first on Слободен печат.


Разговор со Марија Папуџиева, поранешна ракометарка задолжена за организација на натпреварите на Вардар во ЛШ: Сега тремата е далеку  поголема was first posted on октомври 3, 2020 at 1:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....