10.8 C
Скопје
04:08 - 4 мај, 2024

Пауновски: Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од ковид-19

Одредена група угостители на големо ги имаа пречекорено мерките за заштита од ковид-19, вели за МИА, директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски. Заради овие причини инспекторите на Пазарна инспекција, како и во изминатиот период и во претстојните денови ќе вршат контроли низ цела држава.

– Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат и во текот на денот. Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје.  Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави, изјави Пауновски за МИА.

Последниот извештај на Министерството за здравство што беше објавен вчера за претходното деноноќие покажа дека во државава има нови 225 пациенти заразени од ковид -19.

Поради оваа бројка министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше вонреден состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, на кој е констатирано дека по точна анализа на епидемилошката состојба  ќе се знае дали и какви мерки ќе се донесат. 

Ниту маски, ниту дистанца- Владо Георгиев ги забавуваше скопјани (ВИДЕО)

The post Пауновски: Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Пауновски: Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од ковид-19 was first posted on октомври 3, 2020 at 3:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....