16:07 - 13 јули, 2026

Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот

Претседателот на самопрогласениот ерменски регион во Азербејџан, Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан изјави дека тој лично се упатил на фронтот во борбата против азербејџанската армија.

Обраќајќи се на армијата и на волонтерите во земјата, тој рече дека се водат тешки битки со различен интензитет по целата линија на фронтот, јави ерменската новинска агенција Арменпрес.

Според него, гранатирани се цивилни населби, вклучително и главниот град Степанакерт.

– Нацијата и татковината се загрозени. Правото на слободен, независен и достоинствен живот на земјата ослободена со крв на нашите храбри синови е загрозена, рече Арутјунјан.

Арајик Арутјунјан

 

Тој додаде дека во моментов се движи кон првата линија на фронтот со единиците на специјалните сили со цел да придонесе во борбата, бидејќи, како што рече, отсега ќе биде покорисен на фронтот отколку во позадина.

– Ова е нашата последна битка, која сигурно ќе ја добиеме заедно. Јас сум со вас до победата. На оружје. Ние ја имаме честа, рече Арутјунјан.

The post Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот appeared first on Слободен печат.


Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот was first posted on октомври 3, 2020 at 12:44 pm.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....