2.8 C
Скопје
18:42 - 20 декември, 2024

Разговор со Александра Џамтоска, ракометен тренер: Талентирани деца поради амбициозните родители не продолжиле со спорт

Александра Џамтоска, родена во Скопје, е дипломирана професорка по одделенска настава, во моментов вработена како наставник во продолжен престој во О.У. Кочо Рацин во с. Лакочереј – Охрид и тренер во ракометен клуб „Сани 14“. Со ракомет се бави од десетгодишна возраст. Најголем дел од својата кариера ја поминала во ракометниот гигант во тоа време „Кометал Ѓорче Петров“, потоа во „Вардар“, „Металург“, „Кале Кичево“. Членка е на сите младински репрезентации, повремен член на сениорската репрезентација, како и репрезентацијата во ракомет на плажа. По завршување на играчката кариера, останала во ракометот но во друга улога, како тренер на деца од 5 до 15 годишна возраст. Ракометниот клуб „Сани 14“ е формиран во 2013 година во Охрид, каде што Александра се омажила и оформила семејство.

Ракометот е спорт број еден во Македонија и така треба да остане. Во машкиот ракомет ме радува фактот што наредната сезона ќе има навистина јаки екипи и во домашното првенство, ќе имаме екипи и во лигата на шампионите и во лигата на европа, додека во женскиот ракомет се надевам дека конечно ќе се придвижат работите на подобро.

Кои се предностите и недостатоците со работата со која се занимаваш?

 Предности во оваа професија има многу. Фактот што работам со деца, и работејќи ја работата која ја обожавам, гледајќи ги децата како растат, учат, се развиваат. Многу патувања, дружење, постојано усовршување. Во работата со деца секој ден е нов предизвик. Како недостаток, ако воопшто може да се земе како недостаток, е времето кое е потребно за да се постигне нешто. Потребна е огромна посветеност, желба, дисциплина, работа за да се дојде до успех. Во денешно време сè почесто се сретнуваме со преамбициозни родители, кои премногу очекуваат од своите деца и најчесто тоа е контрапродуктивно.

Колку ракометните тренери се едуцираат во Македонија?

– Во Македонија постои здружение на ракометни тренери кое организира задолжителни годишни семинари кои мора да ги посетат сите тренери во државата, потоа постојат нивоа кои исто така мора да ги поминеме, за да можеме да работиме со соодветна категорија на ракометари, а периодов во карантин го поминавме со онлајн работилници кои секако ни се од многу голема корист. Секако најважно е индивидуалното учење, живееме во свет на технологии, се ни е достапно, треба само да се има желба за напредок.

Колку е важна улогата на родителите во развојот на малите спортисти?

– Според мене можеби и најважната улога ја имаат родителите. Кога едно дете почнува да се занимава со некој спорт, најважно е да му се всади љубов кон спортот, детето да се забавува на секој тренинг, на секој натпревар, да се социјализира, да научи што е тим, да прифати различни од себе. Не е секогаш се во победите. Ги споменав и погоре, постојат преамбициозни родители, кои многу очекуваат од своите деца, па наместо после натпревар да ги пофалат, тие ги критикуваат децата, бесни се, не ретко и се расправаат со судии, тренер, други родители и слично. Сè тоа негативно влијае на децата, па за жал многу често сме сведоци и на многу талентирани деца, кои заради овие причини не продолжиле да се занимаваат со спорт.

Сè почесто се сретнуваме со преамбициозни родители со преголеми очекувања од своите деца.

Што е потребно за еден многу млад ракометар да достигне професионално ниво?

– Работа, работа и работа. Спортот бара огромна посветеност, дисциплина, одрекување од многу работи, но доколку нешто многу се сака, сè е остварливо. Многу често и на децата со кои работам знам да им кажам дека покрај играњето ракомет, уште поважно е какви личности ќе станат, а сега за сега, имам право да бидам горда, гледајќи ги како се развиваат.

 

 

The post Разговор со Александра Џамтоска, ракометен тренер: Талентирани деца поради амбициозните родители не продолжиле со спорт appeared first on Слободен печат.


Разговор со Александра Џамтоска, ракометен тренер: Талентирани деца поради амбициозните родители не продолжиле со спорт was first posted on мај 16, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....