2.8 C
Скопје
16:46 - 22 декември, 2024

Психолог Марија Димовска: Граѓаните психолошки да се подготват за борбата против коронавирусот

Познатата докторка по психологија, Марија Котевска Димовска, во разговор за „Слободен печат“ порачува дека за справување со коронавирусот неопходна е совесност, солидарност и психолошка подготвеност на секој граѓанин за она што ја чека државата во борбата против коронавирусот. Факт е дека се соочуваме со пандемија распространета низ целиот свет и дека овој вирус ќе го промени светот, но дали сите ова сме го сфатиле?

На оваа тема одговор побаравме од д-р по психологија, Марија Котевска Димовска. Според неа, има луѓе кои сè уште не го сфатиле коронавирусот доволно сериозно. Некои не го почитуваат полицискиот час, други рационализираат со изреки „не удира гром во коприви…“. За да го совладаме овој тежок предизвик, посочува Димовска, не смееме да дозволиме човековата нерационалност да ги порази моралот, етиката, дисциплината и знаењето.

Владата, поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот од страна на некои граѓани, воведе полициски час. Дали беше неопходна ваквата ригорозна владина одлука, која е воспостаена за првпат во историјата на замјата?

-Полициски час е неопходна рестриктивна и заштитна мерка, но се соочуваме со проблеми типични за психологија на масите. Се соочуваме со психолошки парадокс, од една страна да се убедат луѓето во сериозноста на ситуацијата, а од друга, да не се дозволи ширење на паника. Од психолошка гледна точка, ситуацијата е многу тешка, неизвесна и нова и секако дека нема да биде лесно да се носиме со ова. Не е лесно да се слушне дека е воведена вонредна состојба… ќе биде потребно многу рационалност, сила и трпеливост за да се процесира новата состојба, стравот и вознемиреноста се присутни кај многу граѓани. Неопходно е да ги промениме нашиот животен стил и приоритетите, а најважно е да се дистрибуираат информации дека луѓето мора да ги почитуваат правилата – вели Димовска.

Но и покрај сите мерки, сепак граѓаните не се послушни. Полицијата веќе има изречено голем број на казни кои и не се така мали за македонскиот стандард и изнесуваат од две до три илјади евра. Каде е проблемот, зошто дел од граѓаните не ги сфаќаат сериозно препораките?

-Многумина сè уште се несериозни кога сфаќаат дека треба да останат во своите домови. Неопходно е луѓето да се подготват ментално, дека оваа состојба може да трае подолго време и истата да се прифати како нов начин и пристап кон животот.Тоа е огромен проблем, но, моралната компонента е пресуден фактор бидејќи еден човек може да стане одговорен за многу животи, со тоа што се појавува кога и каде што не треба. Сега најмногу може да не чини несовесноста на индивидуата. Иако поголемиот дел од луѓето се совесни и одговорни, несериозноста, неинформираноста или нерационалноста на мал број на индивидуи може многу да наштети. Сепак заразата од вирусот е реалност, мора да ја прифатиме и веќе е очигледно дека навиките ни се сменети. Борбата со овој вирус не учи дека само менувањето на навиките и начинот на живот ќе придонесе за продолжување на животот. Треба да сфатиме дека со тоа што ќе се спасиме себе си, ние го спасуваме светот. Но и обратно, негрижата за себе и сопственото здравје е негрижа за целата заедница. Луѓето треба да сфатат дека не станува збор за попречување на слободата на движење, туку за спасување на здравјето и животот. Неопхдна е совесност, солидарност и психолошка подготвеност на секоја индивидуа за она што ја чека државата во борбата против коронарнавирусот, со почитување на изолацијата и вонредните околности – објаснува Димовска.

Што ќе им порачате на оние кои не ги почитуваат одлуките за изолација?

– Сега моралот го спасува светот, проблемите можат да произлезат од човечка небрежност, неодговорност и непочитување на постапките. Непочитувањето на мерките може уште повеќе да го разниша чувството на небезбедност и несигурност и да загрози многу животи. Разумот и емпатијата ја надминале секоја ситуација, и така ќе биде и оваа, но со мудрост, зрелост и знаење за правила и морал – децидна е докторката.

The post Психолог Марија Димовска: Граѓаните психолошки да се подготват за борбата против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....