Првиот авион со патници од крузерот Гранд Принцес, на кој има најмалку 21 лице заразено од коронавирус, слета во Тексас, каде тие ќе бидат сместени во карантин.
Патниците од крузерот се префрлени во воената база Сан Антонио – Лакланд.
Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, соопшти дека во таа база во карантин ќе бидат 380 патници.
Бродот со околу 3.500 патници и членови на посадата, од кои најмалку 21 е позитивен на коронавирус, меѓу кои и еден државјанин на Србија, во понеделникот пристигна во Оукленд во Калифорнија.
Во базата Лакланд претходно беа сместени повеќе од 230 лица евакуирани од Вухан и од крузерот Дајмонд Принцес.
Повеќето од нив излегоа од карантин, но 11 од нив кои се позитивни на коронавирус се изолирани.
The post Првите патници од крузерот Гранд Принцес пристигнаа во Тексас: Сместени се во карантин во воена база (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.