15.8 C
Скопје
13:41 - 28 ноември, 2024

Протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор (ВИДЕО+ФОТО)

Протестите против расизмот во Луисвил, Кентаки, продолжија синоќа, втора вечер по ред, откако тројца полицајци беа ослободени од обвиненијата за убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор.

Откако стапи во сила полицискиот час и полицијата ги прогласи собирите за незаконски, група од 300 демонстранти маршираа низ градот и застанаа пред Првата унитаристичка црква. Некои демонстранти ги искршија прозорците на неколку локални бизниси и болници. Но, собирот пред црквата беше мирен во споредба со претходната вечер во најголемиот град во американската сојузна држава Кентаки.

„Најмалку 24 лица беа уапсени во текот на ноќта под обвинение за нелегално собирање и бунт од прв степен”, соопшти полицијата во Луисвил.

Двајца полицајци беа ранети со огнено оружје првата вечер на протестот, кога полицијата уапси 127 лица.

Двајцата полицајци се во стабилна здравствена состојба.

Тројцата полицајци, кои упаднаа во станот на Афроамериканката Бријана Тејлор за време на рација во Луисвил на 13 март и ја усмртија со огнено оружје, во средата беа ослободени од обвинението за нејзината смрт, што повторно предизвика протестни собири на улиците на најголемиот град во американската држава Кентаки. .

Џонатан Метингли и Мајлс Косгроув беа целосно ослободени од каква било вина, додека Брет Ханкинсон е обвинет за загрозување од небрежност на човечки животи затоа што некои од неговите истрели го загрозија семејството во соседниот стан.

Протест поради ослободувањето на полицајците кои ја усмртија Бријана Тејлор/ Луисвил, Кентаки, 24 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/Kyle Grillot

Тројцата полицајци, кои не носеле униформи за време на рацијата поврзана со нелегална продажба на наркотици, на 13 март, нешто по полноќ, ја разбудиле 26-годишната медицинска сестра и нејзиниот партнер Кенет Вокер и користеле т.н. „овен” со кој упаднале во станот, за што имале важечка судска наредба под сомнение дека станот е местото каде што поранешниот партнер на Бријана Тејлор и осуден дилер на дрога Џамаркус Гловер добивал пакети.

Партнерот на Бријана испукал предупредувачки куршум, бидејќи полицајците не се идентификувале и мислел дека станува збор за криминалци.

Градот Луисвил на семејството на Бријана ќе исплати 12 милиони долари отштета за отфрлање на тужбата против полицајците. 

The post Протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор (ВИДЕО+ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор (ВИДЕО+ФОТО) was first posted on септември 25, 2020 at 11:03 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....