1.8 C
Скопје
13:52 - 20 декември, 2024

Проблеми со патни исправи!

Почитувани, во моментов во Малта престојуваат неколку илјади македонски државјани, од кои повеќето се со истечени македонски патни исправи и/или патни исправи што се со важност до крајот на оваа година. Овие лица имаат регулиран престој во Малта, но за обнова на работните дозволи Identity Malta им бара при доставување на документацијата за обнова на работна дозвола да достават и важечка патна исправа или патна исправа со важност од најмалку една година пред датумот на доставување на документацијата за обнова на работната дозвола.

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата ковид-19, голем дел од нас не беа во можност да се вратат во својата татковина и да ги обноват патните исправи, иако имаа закажано термини за тоа во минатиов период. Со оглед на моментната ситуација, во која државјани на РСМ не можат да патуваат во ЕУ, односно неможноста македонските граѓани да отпатуваат во својата држава за да ги обноват патните исправи, ве молиме за изнаоѓање на соодветно решение и издавање посебни, персонализирани или генерални потврди од надлежните институции во Република Северна Македонија, кои би биле доставени до барателите или до органите во Малта, со цел решавање на овој проблем.

Во оваа пригода би сакале да напоменеме дека во неколку наврати секој од нас поединечно ги контактираше горенаведените наслови, при што не е добиен позитивен одговор, ниту е понудено какво било решение за наведеното барање. Некои од нас добија допис од МВР во кој е наведено: „Доколку имате можност до 31 јули 2020 година да дојдете во РСМ и да аплицирате за пасош, бидејќи во конкретниот случај не гледаме друго решение“ или од Македонската амбасада во Рим е доставен допис со број 30-03-317/1, во кој е наведено дека поради вонредната состојба во нашата држава, важноста на македонските пасоши е продолжена до 31 јули 2020. Наведените одговори се далеку од очекувањата кои, ние, македонските граѓани, ги имаме од наведените институции кои се должни да изнајдат начин или решение за наведениот проблем и да достават официјален допис до органите во Малта во кои ќе се наведе следново:

„Владата на РСМ и Министерството за внатрешни работи како надлежен орган на сите свои македонски државјани, кои поради ковид-19 пандемијата не се во можност да допатуваат во својата татковина и се соочуваат со истечени патни исправи или исправи со важност до крајот на 2020 година, ќе им ги обнови/издаде нови патни исправи во моментот кога за тоа ќе настанат услови согласно со законите на РСМ“.

Од друга страна, од Амбасадата во Рим ни е укажано дека не се надлежни за издавање на патни исправи во време на пандемија и дека нашите граѓани можат да ги обноват само во Република Северна Македонија, или со доставање на листа на чекање до Амбасадата во Рим, процес кој би траел повеќе од шест месеци поради неможност да се обезбеди тим – мобилна екипа за фотографирање, и плус две доаѓања во Рим за сликање и за подигање на пасошот. Укажуваме дека поради наведениот проблем, македонските граѓани се доведени во опасност да ги изгубат своите работни дозволи на Малта, да излезат од Малта и поради немање регулиран престој да не се во можност да се вратат, да останат без работа и без основни средства за егзистенција.

Истовремено, според последните најави на малтешката влада, влезот за државјани од Република Северна Македонија или излез би бил овозможен дури во 2021 година. Со задолжителен карантин од 14 дена по влез, што повторно не оди во прилог на македонските државјани што веќе имаат редовен работен однос во Малта.

Наведениов проблем, убедени сме дека го имаат и други македонски државјани што не живеат во Република Северна Македонија, а се соочуваат со истиот проблем, бидејќи оваа година истекуваат сите биометриски пасоши што беа издадени во 2010 година. Со оглед на горенаведеното, бараме итно решавање на овој проблем или горенаведените институции официјално да ја известат малтешката влада или Identity Malta, дека на сите државјани што се наоѓаат во ваква ситуација, Владата на Република Северна Македонија ќе им издаде нови патни исправи веднаш штом за истото ќе се создадат услови преку Амбасадата во Рим или во Република Северна Македонија, веднаш по отворањето на авионските линии Малта – Скопје.

Во прилог на ова барање ви доставуваме горенаведеното писмо од Амбасадата во Рим, електронска комуникација со амбасадорот во Рим, допис од Identity Malta, во кој е наведен типот на документот потребен за процесирање на работните дозволи на Македонците со истечени патни исправи или дозволи кои ќе истечат во 2020 година и одговор од МВР (сите споменати погоре).

The post Проблеми со патни исправи! appeared first on Слободен печат.


Проблеми со патни исправи! was first posted on јули 18, 2020 at 10:03 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....