2.8 C
Скопје
08:39 - 19 ноември, 2024

Предметите на „Т“ на СЈО траат ли, траат

Минаа речиси шест месеци, а републичкото Јавно обвинителство молчи дали предметите на сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО) се издржани. Немаат поднесено ни обвинителен акт на наводно целосно завршени предмети. Никој од ОЈО нема одговор кога тоа ќе се случи.

Во судските правни лавиринти, без посебна желба да се завршат во разумен рок, од едно до друго рочиште низ судниците во скопскиот Кривичен суд се „влечат“ 22 предмети на СЈО, кое на Обвинителство му предаде 171 предмет. Од нив – 22 обвиненија, 19 истраги, 38 финансиски истраги и бројни предистраги. Според законот, згаснатото СЈО на ОЈО како незапочнат и целосно истражен предмет со материјални докази или пак предмет кој е во судска постапка му остави повеќе од 35 случаи со околу 150 обвинети или осомничени. За старите предмети кои се во судска постапка пак нема ниту една правосилна пресуда.

Остана тајна кој беше тајноста за буква „Т“ по која беа крстени дури 22 предмети.

Јовески: Здравствената криза донесе застој

Здравствената криза, како што вели јавниот обвинител Љубомир Јовески, донесе застој и во работењето на правосудните органи, но истакнува дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки.

– Обвинителите континуирано постапуваат по сите предмети. Зависно од фазата во која беше преземен секој од предметите, се продолжи со дејствијата и постапките течат. Здравствената криза донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките. Напоменувам дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена. Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница – рече Јовески.

За шест предмети има првостепени пресуди, другите се во фаза на постапка. Фактите велат дека освен „Тревник“ има првостепени, а не и правосилни пресуди за случаевите  „Тенк“, „Труст“, „Тифани“, „Триста“ и „Титаник 2“.Случајот „Триста“ беше меѓу првите предмети на екс СЈО за кој имаше пресуди. Се однесуваше за незаконската набавка на 300 возила за МВР. Единствен обвинет во случајот беше Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во времето кога со МВР министеруваше Гордана Јанкулоска. Поранешнииот помошник министер во МВР е осуден и во „Тенк“, предмет за незаконската набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600.000 евра. Во овој предмет второобвинет е Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото и е осуден на две години затвор, а третообвинета е Гордана Јанкулоска која беше осудена на 4 години затвор. Новинарката Ивона Талевска беше осудена на условна казна затвор од две години за случајот „Тифани“. Таа според обвинението затаила 1,6 милиони денари, а нејзините фирми не платиле данок од 2,1 милиони денари. На 20 јули 2018 падна пресуда за предметот „Труст“ во кој бизнисменот Сеад Кочан е осуден на 4,8 години затвор.

Во првостепената пресуда за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор.

Од предметите кои ги имаше сработено СЈО, судска постапка не е започната за аферите „Пациент“, „Империја“, „Моќник“, „Актор“, „Транспортер 2“, „Поштенска банка“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Подарок“, „Хармонија“, „Друмарина“, „Странски служби“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Табала“ и „Базни станици“. По згаснувањето на СЈО, овие предмети потпаднаа во надлежност на републичкото Јавно обвинителство.

 

The post Предметите на „Т“ на СЈО траат ли, траат appeared first on Слободен печат.


Предметите на „Т“ на СЈО траат ли, траат was first posted on јули 29, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....