До архивата на Собранието стигнал списокот со предлозите на Владата за заменици министри, потврдија собраниски извори за Слободен печат. Собраниската седница на која тие ќе бидат потврдени, најверојатно спикерот Талат Џафери ќе ја закаже за во вторник.
Меѓу 16-те заемници министри се и стари и нови имиња. Меѓу предлозите на СДСМ се Димитар Ковачевски како заменик министер во Министерството за финансии, Трајан Димковски заменик министер во Министерството за земјоделие, Александар Бајдевски останува на старата позиција, заменик министер во Министерстовото за информатичко општество и администрација. Според информации на Слободен печат, Агим Нухиу од редовите на ДУИ од МВР, како заменик министер се сели во Министерстото за правда. Зоран Маневски, како предлог на НСДП ќе биде заменик министер во Министерстовото за еконоомија.
Според неофицијални информации, договор меѓу коалициските партнери паднал уште пред неколку дена, но списокот не бил доставен бидејќи во парламентот се чека да се комплетира собраниското мнозинство. Од наредната недела се очекува во собраниските клупи да седне пратеничка на ДУИ која неодамна се породила. За да биде усвоен списокот со предлог замениците министри потребни се 61 глас.
Со неа, на седницата за избоаѓрот на земениците министри би биле пристуни 62 пратеници. За усвојување на оваа точка од дневниот ред се потребни минимум 61 глас. Како можен термин за собраниската седница се посочува вторник.
Премиерот Зоран Заев денеска посочи дека биле завршени разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменици министри и дека сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредени општествени области кои се под надлежност на извршната власт.
The post Предлозите за заменици министри доставени во Собранието: ЕВЕ КОЈ СЕ НАЈДЕ НА СПИСОКОТ appeared first on Слободен печат.
Предлозите за заменици министри доставени во Собранието: ЕВЕ КОЈ СЕ НАЈДЕ НА СПИСОКОТ was first posted on септември 18, 2020 at 3:10 pm.