-4.2 C
Скопје
03:23 - 23 декември, 2024

Правото и политиката во Бугарија: Обвинител кому му пречи судот

По повеќе од 100 дена протести со кои се бара неговата оставка, по извештајот на Европската комисија за немоќта на правото и резолуцијата на Европскиот парламент за Бугарија, главниот обвинител Иван Гешев делува сè повеќе делегитимиран. Ненадејно, токму во овој момент, тој одбра да им испрати на Владата и на Парламентот проект за ограничување на овластувањата на Врховниот жалбен (касационен) суд и за намалување на стандардите во доказната постапка со кој обвинетите се праќаат во затвор.

Сам по себе таквиот предлог е политички скандал, бидејќи го докажува токму тоа што Гешев (а пред него и Цацаров), како и власта, го одрекуваат – дека Обвинителството е над Судот во судскиот систем, каде што обвинителот е апсолутен хегемон, а сите други се принудени него да го почитуваат.

Но, и надвор од тоа, доколку предлогот на Гешев се реализира во практика, тоа би бил нов чекор кон трансформацијата на Специјалниот суд во Вонреден суд. По десет години прилагодувања, специјалната правда стана алатка за извршување на политички нарачки, за бизнис-рекет и прераспределба на имотот. Во текот на 2017 година во Спец-судот беа префрлени и делата за висока корупција, а пред една година таму беа додадени и престапите за злоупотреба на средствата на ЕУ, коишто се предмет на разгледување на Европското обвинителство. Тоа е најкусото објаснување зошто Гешев (и тие кои стојат зад него) сакаат Специјалното правосудство да се ослободи од контролата од страна на Врховниот жалбен суд. Барем додека и тој суд не биде преземен од истата организирана група. Следниот обид во таа насока ќе се направи за нешто повеќе од една година, кога истекува мандатот на сегашниот претседател на Врховниот жалбен суд, Лозан Панов.

Правниците веднаш ја оценија ваквата иницијатива на Гешев како насилна и опскурна. Сепак, политичките сили во Парламентот не ја коментираат оваа тема веќе десетина дена.

Обвинителството бара измени во законите

Обвинителството предлага укинување на касационата (жалбена) инстанца во значителен дел од кривичните предмети за сериозни и сложени кривични дела, за тие да бидат сослушани на само две инстанци – Окружниот и Апелацискиот суд. А до Врховниот жалбен суд да стигнат само случаите во кои тие две инстанци имаат спротивно мислење за прашањето на вината на обвинетиот, односно едниот да го осуди, а другиот да го ослободи обвинетиот.

Во моментов, таа двостепена судска институционална шема се применува за полесните престапи, што се судат во регионалните судови и на кои Окружниот суд им е втора и последна инстанца. Во ваквите случаи пресудите не подлежат на жалба, туку на евентуално повторно отворање пред соодветниот Апелациски суд, во случај на значителна повреда на законот или постапката или заради очигледно неправедна висина на казната. Сепак, барањето за повторно отворање не го прекинува извршувањето на казната.

Обвинителството сака истото тоа да се примени за сите незаконити дела, затоа што така ќе се постигне еднаквост на граѓаните во процесите – како во судењата за лесни престапи, така и за оние обвинети за тешки дела, на кои им се заканува доживотен затвор. Се разбира, во случајов не може да стане збор за еднаквост.

Паралелно на ограничувањето на жалбата, Обвинителството исто така сака да му се дозволи да предлага на судот и незаконски обезбедени докази, кога процедуралните пропусти не се суштествени и не ја доведуваат под сомневање доверливоста на постапката. А дали одредено доказно средство е само малку дефектно или страда од суштински недостатоци – тоа судот треба да го проценува по сопствено убедување.

„Во демократска држава со поделба на власта, Обвинителството нема законодавна иницијатива, бидејќи има други сериозни репресивни овластувања. Во принцип, кога институција на судството предлага измена на процедуралните закони, односно за правилата по кои самата работи, неопходно е подигнување на вниманието на јавноста, смета судијата Мирослава Тодорова.

„Идејата еден човек да биде осуден на доживотен затвор врз основа на незаконски собрани докази и без право на жалба е мрачна провокација на здравиот разум!“, изјави адвокатката Даниела Доковска.

Автор: Мирела Веселинова

Преземено од: capital.bg

 

 

 

 

 

 

The post Правото и политиката во Бугарија: Обвинител кому му пречи судот appeared first on Слободен печат.


Правото и политиката во Бугарија: Обвинител кому му пречи судот was first posted on ноември 1, 2020 at 8:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....