-2.2 C
Скопје
08:40 - 23 декември, 2024

„Пратен од Бог“: Откриен шпион кој на Москва ѝ ги предал најголемите американски тајни

Новооткриени документи покажуваат до кој степен советските разузнавачки служби успеале да се инфилтрираат во американската нуклеарна програма во 40-те години од минатиот век.

До скоро се знаеше дека СССР успеала да инфилтрира тројца шпиони. Но последните податоци идентификуваат и четврт, за кој се смета дека на Москва и дал најмногу информации за начинот на правење на атомска бомба.

Оскар Себорер бил дете на полски Евреи. Роден е во Њујорк во 1921 година. Присуствувал на „Тринити тестот“ во 1945 година – првата вештачка нуклеарна детонација, која всушност ги покажа можностите на нуклеарното оружје.

Според документите, кодното име на Себорер било „Godsend“ (Пратен од Бог), а за советската нуклеарна програма бил токму тоа. Повеќе од кој било друг шпион давал информации како да се направи оружје за масовно уништување.

Историчарите Харви Клер и Џон Ерл откриваат делови од животот и постапките на шпионот. Тие се засноваат на новите декласифицирани извештаи на ЦИА, во кои детално се опишани безбројните тајни на Себорер, кој побегнал во СССР во 1951 година.

-Фасцинанто е. Немавме поим дека бил толку важен, изјавил Клер за „Њујорк тајмс“.

Инаку, Себорер е креаторот на комплицираниот имплозициски активатор, со чија помош нуклеарните бомби добиваат моќно експлозивно полнење.

Според историчарот на нуклеарна технологија од Стивенсоновииот технолошки институт, Алек Велерстајн, Соберер имал најголем придонес од сите московски шпиони во програмата.

-Не знам дали некој друг шпион имал пристап до тие тајни кои ги имал Себорер, истакна Велерстајн, додавајќи дека токму неговите информации можеби придонеле СССР да развие нуклеарно оружје.

Документите на ЦИА датираат од 1956 година, четири години откако Себорер се преселил во СССР.
Федералното истражно биро за првпат открило докази за потенцијалната шпионска улога на Соберер дури во 1955 година, додека останатите советски шпиони во програмата, како Клаус Фишер, биле уапсени, а нивното откритие било објавено. Поради политиката околу изборите во 1956 година, овој скандал остана неприметен.

Меѓутоа, доказите против Себорер исто така се многу слаби. Документите не ја опишуваат неговата шпионажа, туку само бележат што се можел да украде или да ги научи Советите, на основа на тоа што имал пристап. Згора на тоа, Соберер веќе бил во СССР, па затоа властите одлучиле да не покренат обвинение.

Историчарите велат дека Москва од страна на свиркачи била предупредена дека доколку браќата Оскар и Стјуарт, кои заедно живееле во егзил во СССР некогаш се вратат во САД, ќе бидат погубени.

Советскиот сојуз ја детонираше својата прва нуклеарна бомба само четири години по „Тринити тестот“ на 29 август 1949 година, на полигонот Семјпалатинск.

Инаку, во 1953 година, САД погуби двајца осомничени шпиони, Јулиус и Етел Росенберг, откако биле обвинети за криумчарење нацрти за оружје, вклучително и тие од „Проектот Менхетен“.

The post „Пратен од Бог“: Откриен шпион кој на Москва ѝ ги предал најголемите американски тајни appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....