0.8 C
Скопје
09:19 - 19 декември, 2024

Познатата скопјанка Калтрина за „Слободен печат“: Ценете ги малите нешта во животот! (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

 

View this post on Instagram

 

Super housewife 🥒🍅🍋🥑🌶 #quarantinemood #stayhome

A post shared by 🌟🌟🌟KALTRINA🌟🌟🌟 (@______kaltrina______) on


„Слободен печат“ разговараше со познатата инфлуенсерка Калтрина или како што повеќето ја нарекуваат, скопската барбрика, за тоа како го поминува времето во изолација.

– Деновите во карантин ги поминувам секој ден различно. Има денови кога сум многу продуктивна работам по дома, преуредувам нешто во домот, чистам, готвам но има и денови кога не правам ништо посебно, се релаксирам, поминувам време со семејството, читам или гледам филмови.

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

Најмногу ми недостигаат блиските луѓе, семејтсвото и пријателите. Ми фали и работата, но бидејќи паралелно работам три професии понекогаш ми треба одмор. Ми фали и теретаната, дома потешко ми оди вежбањето од причина што сум по опуштена но и имам добар метаболизам и не се поправам лесно. И секако ми фали да отпатувам негде. Имав многу работни планови надвор од Македонија, но за жал пропаднаа и работата се одложи за извесен период.

 

View this post on Instagram

 

✨Golden Goddess✨ @arber.elezi.photography @arjeta_makeupartist @menakon_creations @studio.stance.kiprijanov @silhouetteskopje

A post shared by 🌟🌟🌟KALTRINA🌟🌟🌟 (@______kaltrina______) on

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

Мислам дека карантинов сите не натера да размислиме за животот, за работите што сакаме да ги правиме и луѓето што сакаме да се во наша близина. А и самите себе си да си посветиме повеќе внимание на психичкото здравје, пошто живееме во едно време каде повеќето сите работи ги прават од некоја рутина, со брзање, без размислување дали тоа не прави среќни или не. Во овие денови сами со себе или со најблиското семејтсво, многу работи во главата стануваат појасни.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

Ништо посебно, ќе се вратам на секојдневниот живот, но со многу повеќе енергија и елан за работа. Можеби помалку ќе излегувам, бидејќи не е дека баш ми фали тоа, секако сакам да се видам со моите пријатели, но јас од секогаш сакам да поминувам време во природа, па сигурно повеќето од деновите ке ги поминам на отворено.

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

Сакам стари филмови, класика кои можам да ги гледам неколку пати. Сакам трилери, мистерии, едни од омилените ми се на Hitchcock филмовите, но кога би морала да одберам еден омилен, тоа би било „The ninth gate“ со Johnny Deep.

С.П. Каква музика слушаш периодов?

Во зависност од расположението, слушам скоро секаков вид на музика, од класика до поп музика, освен народна или турбо фолк, единствено тоа не можам да слушам.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

Најдобро готвам а и сакам традиционални јадења, знам да правам дури и пити и периодов често јадам, иако не смеам. Во принцип имам диета од мојот тренер, кон која строго се придржувам, меѓутоа овие денови не сум баш дисциплинирана. Сакам исто и морска храна, но немам многу искуство во спремање, па деновиве се учам и тоа да готвам.

С.П. И за крај што би препорачала на нашите читатели?

Ценете ги малите нешта во животот. Кога на човек ке му се одземе слободата, ништо друго веќе не е важно освен здравјето. Ова е тежок период за сите нас, и секој разчично се справува со ситуацијава. Битно е да мислиме позитивно и да се надеваме што побрзо да се заврши оваа состојба. Да не заборавиме дека секогаш може да е и полошо.Ако ги скратиме некои лични задоволства, кои истите можат да спасат нечиј живот, секако мислам секој би постапил рационално, затоа што во оваа ситуација сите сме заедно.

The post Познатата скопјанка Калтрина за „Слободен печат“: Ценете ги малите нешта во животот! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....