3.8 C
Скопје
03:18 - 17 ноември, 2024

Поткупот како декор на сите македонски избори

Ниту еден изборен процес во земјава не може да помине без да се стори едно или повеќе кривични дела поврзани токму со изборниот процес. Токму на сега веќе завршените десетти по ред парламентарни избори, се случија низа инциденти за кои постапуваат полицијата и Јавното обвинителство.

Поткупот, обидот за влијание врз гласачите, како и политичката агитација и овој пат беа дел од низата регистрирани незаконитости. Но, без разлика што изборите се завршени, како што велат од полицијата и од Јавното обвинитечство, не се завршени сите истраги за случаите кои се пријавени кај нив.

За тоа говори и најновиот случај кој е регистриран во Кавадарци. Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело „повреда на тајноста на гласање”. Во тамошната полиција синоќа била повикана 23-годишна девојка под сомнение дека како член на Избирачки одбор на гласачко место во Кавадарци, на денот на изборите сторила кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од Јавното обвинителство велат дека кај нив се пристигнати вкупно 24 известувања за настани случени во текот на изборниот процес. Три се однесуваат на настани во различни изборни места и градови, каде лицата кои го остварувале своето право на глас и ги сликале гласачките ливчиња.

До Јавното обвинителство од граѓанска организација стигнале седум известувања која известила за објави по социјалните мрежи со кои наводно се прекршува предизборниот молк или се агитира за гласање за одредени политички партии. Седум известувања се пристигнати од претставници на една политчка партија од Кочани и се однесуваат на наводен поткуп кои во одделни настани го вршат лица со цел да се гласа за одредена политичка партија, а до ОЈО Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудело ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија.

Обвинителството за овој случај издало наредби за обезбедување на снимки од видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите. Во струмичкото обвинителство примени се и известувања за уште два настани. Во првиот случај лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а во вториот, вработен во Центарот за социјални работи вршел агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Исто така од страна на МВР, пред да се процесуираат како кривични пријави до ОЈО, детално се проверуваат настаните кои биле пријавени од граѓаните каде непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места или пак случај каде граѓанин делел пари за да се гласа за одредена партија. Се проверуваат и настаните каде имало попречување на гласачите да го остварат своето право на глас, се фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко и настаните каде се вршело агитирање за одредена партија.

The post Поткупот како декор на сите македонски избори appeared first on Слободен печат.


Поткупот како декор на сите македонски избори was first posted on јули 17, 2020 at 1:34 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....