12.8 C
Скопје
20:20 - 26 април, 2024

Порака на италијанските социјални мрежи: Благодариме што не напуштивте, но заборавивте дека вирусот не знае за граници (ВИДЕО)

На италијанските социјални мрежи кружи видео снимка на која наводно Италијанци се „заблагодаруваат“ на светските лидери за помошта која ја добиле во борбата со коронавирусот и потсетуваат дека Ковид-19 не знае за граници и дека ги погодува сите.

Сепак, со оглед на тоа што во ова видео не се појавуваат луѓе, односно е компилација од италијански туристички фотографии од најразлични платформи, а сето тоа додека зборува непознат наратор, се уште не може да се каже дали станува збор за видео кое е создадено за да служи како провокација против Унијата, бидејќи во моментов лажните вести се во подем. 

На крајот од видеото не пишува ниту кој го монтирал истото, ниту од каде точно се преземени фотографиите, ниту кој е наратор (можеби станува збор и за компјутерски генериран глас), а нема ни лични сведошства, што става голем прашалник зад веродостојноста и намерата на целото видео.

Во видеото се вели:

„Ти благодариме драг Макрон, благодариме госпоѓо Меркел, ви благодариме што не напуштивте тогаш кога ни беше потребно. Благодариме што решително одговоривте на нашата молба да ни испратите маски и медицински материјал, за да се бориме со вирусот. А знаете дека ние ќе платевме за тоа!

Ние сме Италијанци. Занаетчии, нечисти од работа, недисциплинирани, комични, бучни, музикални, понекои од нас мафиози. Но, знаете, ние изградивме патишта, училишта, ја напишавме азбуката која сега ја користите. Ние сме автори на најголемите уметнички дела, кои се „сокриени“ во вашите музеи. Две третини од светското и културното наследство се кај нас. Ние сме Италијани, творци на уметност, култура, кои се основа и на вашата цивилизација. Ние ја создадовме моцарелата, пршутата, равиолата, лазањата, пицата, сладоледот, но и модата… Вас Французите ве научивме да правите вино и ракија.

Исто така, вие господине Трамп и вие господине Џонсон, благодариме што избравте изоалција наместо да ни помогнете. Се сеќавате кој ја откри Америка?

Знаете, Италијани беа и Колумбо, Марко Поло, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Бернини, Тицијан, Рафаело, Галилео, Цезар, Аурелио, Веспазијан, Данте…

Драги наши, следниот пат кога ќе го чуете името Италија, спуштете ја главата. Кога ќе ги посетите музеите, немојте да се задржувате кај делата чии автори се Италијани. Ве молиме, заобиколете ги посетите на најубавата земја на светот. Ќе ја отвориме вратата и срдечно ќе ги пречекаме тие кои ни помогнаа.

Вие во вашите калкулации заборавивте дека вирусот не знае за граници. Ве погодува и вас. Ги погодува сите. Во вашиот егоизам, покажавте колку сте мали. Благодариме!“.

The post Порака на италијанските социјални мрежи: Благодариме што не напуштивте, но заборавивте дека вирусот не знае за граници (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....