Екипата на „Медена земја“ е подготвена за 92-то доделување на Оскарите, а предмалку споделија и фотографија на Фејсбук. Цел тим е облечен во креации на „Кокев“, а Атиџе блеска во креацијата автентични шалвари.
Главната ѕвезда, медената Атиџе заедно со режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, Рана Еид и Благоја Неделковски вечерва ќе се борат за најпрестижната награда во две категории, најдобар документарен филм и најдобар странски филм.
Со самите две номинации, „Медена земја“ испишува историја како единствен документарен филм кој бил номиниран и во категоријата најдобар интернационален филм на светско ниво, и е првиот македонски документарен филм кој добил волку внимание од светската јавност некогаш. Воедно, Тамара Котевска испишува историја со тоа што е една од четирите жени режисерки во категоријата најдобар документарец, нешто што не се случило досега во 92-годишната историја на Оскарите.
Преносот од црвениот килим од пред театарот Долби ќе почне половина час после полноќ, а церемонијата почнува во два часот по полноќ.
Вечерва стискаме палци за нашата медена екипа!
The post ПОДГОТВЕНИ ЗА ОСКАРИТЕ: Екипата на „Медена земја“ спремна да блесне на црвениот тепих appeared first on Слободен печат.