21.8 C
Скопје
13:48 - 28 март, 2024

ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук

До редакцијата на ,,Слободен печат” пристигнаа десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделуваат по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделуваат клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создаваат адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како ,,ГевгелијаХаб”.

 

За оваа појава Слободен печат ја информираше полицијата на која и ги испративме и видео клиповите кои дојдоа во наши раце. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Исто така и Хелсиншкиот комитет за човекови права собира информации за случајот по што оттаму најавија соодветни дејствија. Неофицијално, станува збор за материјали што девојките им ги пратиле на своите партнери и не биле наменети за очите на целата јавност, како што тоа се случува откако видео материјалите биле злоупотребени и ,,протекле” на социјалните мрежи.

– Преку сервиси за пораки, како Месинџер и Вибер, цела недела се препраќаат фотографии и експлицитни видеа од жени од Гевгелија. Се започна од едно видео од жена од едно од тукашните села по што секој ден има нов ,,бран” од други видеа и фотографии од помлади и повозрасни девојки и жени што се пуштаат од еден на друг. Размислувам како да побарам бесплатна правна помош за жртвите на овој тренд, ни изјави претседателка на невладина организација од Гевгелија што сакаше да остане анонимна.

Слични појави ја вознемирија македонската јавност на почетокот на годинава, кога на сервисот Телеграм, во група ,,Јавна соба” беа споделувани материјали од девојки ширум земјава со експлицитна конотација. Дел од тие девојки беа малолетни.

Се преземаат активности за расчистување на случајот со групата „Јавна соба” на „Телеграм”

The post ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук appeared first on Слободен печат.


ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук was first posted on јули 8, 2020 at 1:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....