24.8 C
Скопје
14:00 - 29 април, 2024

По два негативни теста, Георгиевски пуштен на домашно лекување

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, на Фејсбук потврди дека по два негативни теста, лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.

-Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома кадешто ќе продолжам со домашно лекување.

Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со коронавирусот. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели. Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема, напиша во објавата Георгиевски.

The post По два негативни теста, Георгиевски пуштен на домашно лекување appeared first on Слободен печат.


По два негативни теста, Георгиевски пуштен на домашно лекување was first posted on јуни 26, 2020 at 2:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....