2.8 C
Скопје
18:21 - 24 декември, 2024

По 34 години случајот конечно решен: Познат убиецот на поранешниот шведски премиер Палме (ФОТО)

Истрагата за убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме по 34 години конечно заврши.

Олоф Палме / 1983 / Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Anders Holmstrom SWEDEN OUT

Државното обвинителство соопшти дека Стиг Енгстром е најверојатно убиецот, но бидејќи тој е мртов, случајот се затвора. Главниот обвинител Кристер Петерсон на прес-конференција одржана онлајн ги објави заклучоците од истрагата.

  Ханс Меландер и Кристен Петерсон ја држат прес-конференцијата на која ги соопштуваат сите нови детали за убиството на поранешниот премиер Олаф Палме / 10 јуни 2020 / Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Stina Stjernkvist SWEDEN OUT

Улоф Палме на кобната вечер на 28 февруари 1986 година излегол во кино во Стокхолм со својата фамилија, без обезбедување.

Кога излегле од киното, Улоф и неговата сопруга се поздравиле со нивниот син и тргнале накај домот. Тогаш им се доближил напаѓачот и го застрелал Палме во грбот, а со друг куршим ја повредил неговата сопруга Лисбет. Иако минувачите се обидувале да го држат во живот 59-годишниот премиер, подоцна е утврдено дека тој речиси веднаш починал.

Местото на злосторот во Стокхолм / 1986 / EPA-EFE/BJORN ELGSTRAND SWEDEN OUT

Улоф Палме на кобната вечер на 28 февруари 1986 година излегол во кино во Стокхолм со својата фамилија, без обезбедување.

Кога излегле од киното, Улоф и неговата сопруга се поздравиле со нивниот син и тргнале накај домот. Тогаш им се доближил напаѓачот и го застрелал Палме во грбот, а со друг куршим ја повредил неговата сопруга Лисбет. Иако минувачите се обидувале да го држат во живот 59-годишниот премиер, подоцна е утврдено дека тој речиси веднаш починал.

Местото на злосторот во Стокхолм / 1986 / EPA-EFE/BJORN ELGSTRAND SWEDEN OUT

Стиг Енгстром бил меѓу првите сведоци на убиството. Тој работел во осигурителната агенција „Скандија“ која се наоѓала блиску до местото на убиството. Неколку минути откако завршил со работата, премиерот бил убиен, а Енгстром се вратил до чуварот на својата агенција и рекол што видел на улицата. Потоа, тој отишол дома, а неколку дена подоцна повеќе пати бил повикан да сведочи, но неговите искази биле контрадикторни на зборовите на другите очевидци.

Поранешниот шеф на истрагата за смртта на Палме, Ханс Холмер држи прес-конференција за убиството / 31 март 1986, Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/HAKAN RODEN SWEDEN OUT

На крајот полицијата го тргнала од листата како недоверлив сведок, а во 2000 година тој извршил самоубиство. Години подоцна, Енгстром бил наведен како можен осомничен.

Наводно описот на напаѓачот, каков што дал синот на Улоф Палме, одговарал на изгледот на Енгстром. Тој исто така преку пријатели, имал пристап на оружје со какво бил убиен Палме. Медиумите пишувале дека тој изразувал незадоволство спрема политиката на премиерот.

Но, бидејќи Енгстром е мртов, тој не може да биде обвинет и истрагата затоа ќе биде затворена, соопшти Петерсон.

Луѓе се собираа на местото на злосторот веднаш по смртта на Олаф Палме / 01 март 1986 / Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Leif R Jansson SWEDEN OUT
Местото на злосторот каде граѓаните оставаа цвеќиња да му оддадат почит на трагично починатиот премиер Олаф Палме / 01 март 1986 / Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Leif R Jansson SWEDEN OUT
 Погребот на Олоф Палме / 15 март 1986, Стокхолм, Шведска / Фото: EPA-EFE/TT NEWS AGENCY SWEDEN OUT

 

The post По 34 години случајот конечно решен: Познат убиецот на поранешниот шведски премиер Палме (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


По 34 години случајот конечно решен: Познат убиецот на поранешниот шведски премиер Палме (ФОТО) was first posted on јуни 10, 2020 at 11:07 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....