2.8 C
Скопје
15:03 - 23 декември, 2024

Плажата не е толку ризична, ризикот е да се стигне до неа

Дали морската вода и плажите се безбедни да не се фати коронавирус и какво е влијанието на летните топли температури врз здравјето на граѓаните, кои сега, дополнително, треба да внимаваат и на ковид-19, а не само на компликациите што топлотните бранови може да ги предизвикаат врз нивните хронични здравствени состојби?

Експертите сметаат дека, доколку се одржува растојанието од два метра, плажата и морската вода се сами по себе безбедни од коронавирусот, но интеракцијата при хотелските сместувања, забавите, патувањето, како што велат, се друга приказна.

Институтот за јавно здравје препорачува граѓаните да останат на ладно за време на ковид-епидемијата и летото и да ја избегнуваат изложеноста на сонце или на температури повисоки од 25 степени, бидејќи нема докази дека ова спречува или лекува од коронавирусот.

,,Може да го фатите ковид-19, без оглед колку е сончево или топло времето. Затоа, заштитувајте се себеси и другите со тоа што редовно ќе ги миете рацете, ќе кашлате во преклопен лакт и ќе одбегнувате допирање на лицето. Останете на ладно за време на епидемијата. Избегнувајте ја изложеноста на сонце или на температури повисоки од 25 степени, бидејќи ова го зголемува ризикот од сончање и болести поврзани со топлината“, одговараат од ИЈЗ.

Временските услови предвидуваат претстојното лето да биде потопло и посуво од вообичаеното во регионот. Многу е извесно дека Македонија и соседна Грција ќе постигнат договор за да се олесни летувањето на нашите граѓани во грчките туристички места, кои се соочуваат со голем пад на туристите и веројатно ќе ги намалат цените. Но, дали тоа ќе биде доволно македонските граѓани „да нагрнат“ кон Грција, како што прават изминативе години, пред сѐ загрижени за своето здравје.

Доктор Никола Пановски за ,,Слободен печат“ објаснува дека плажата е многу безбедна ако се почитуваат мерките за дистанца.

– Врелиот воздух и УВ-зраците го убиваат вирусот дури и да се нашол на лицето. Ветерот го отстранува вирусот исто така. Водата е многу безбедна бидејќи го мие лицето. Се препорачува мокрење на целата коса и на главата што почесто. Самото летување, патување, сместување, хотели, кафулиња, шведски маси, журки, алкохол, се друга приказна. Плажата и водата се многу безбедни – објаснува професорот.

Експертите се согласуваат дека, иако е можно да се пренесе коронавирусот во вода, сепак шансите за тоа се мали. Потенцијалниот пат на вирусот е доколку плунката од инфицирано лице заврши во водата во која пливате.

– Вирусот е присутен и во плунката и во мукусот на инфицирано лице. Вирусот потоа може да влезе во очите, носот или во устата на друг пливач – тврди Чарлс Герба, професор по вирусологија на Универзитетот Аризона.

Иако нема податоци колку долго коронавирусот може да преживее во морска вода, истражувањето на Герба покажало дека во обична вода коронавирусот може да остане три дена.

– Немаме студии за морската вода, но вообичаено вирусите во солена вода преживуваат пократко време – тврди професорот, додавајќи дека дури и да се појави во водата, вирусот тешко би бил во доволно големи концентрации за да зарази некого, бидејќи постојано би бил пренесуван од едно на друго место од брановите.

За поголемиот дел од европскиот регион, според Светската здравствена организација треба да бидеме подготвени за долго, жешко лето. Поради тековните проблеми со појава на коронавирусот, сите, вклучително и загрозените групи односно хронично болните, се советуваат да останат дома што е можно подолго.

Сезоната во Грција е извесно дека ќе почне, со отворањето на плажите, на рестораните и на границите. Сите што ќе одат на летување или на било какво патување кај јужниот сосед, ќе се лекуваат бесплатно ако се заразат на територијата на Грција, а деталите од договорот што Македонија и Грција ќе го потпишат деновиве, ќе бидат познати до крајот на неделава. Епидемиолозите и експертите од Комисиите за заразни болести на двете земји ќе подготват документ за тоа како билатерално ќе се однесуваат двете земји во екот на летната сезона кога се очекува голем проток на патници. Засега е познато дека на граничните премини ќе се поминува побрзо за да не се создаваат гужви поради ризикот од ширење на вирусот на граничните премини, кога сите излегуваат од своите возила за задолжителните безбедносни контроли. Исто така, можно е да има задолжително тестирање за ковид-19 пред патување, во важност од 48 часа.

Останете во сенка, држете растојание

Секоја година високите температури влијаат врз здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето што работат на отворено и хронично болните.

,,Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, а доколку е потребно и можно, поминете два-три часа на ден на ладно место, дотогаш почитувајте физичко растојание од најмалку 1 метар. Одржувајте го Вашиот дом ладен. Користете го ноќниот воздух за да го разладите вашиот дом. Намалете ја оптовареноста на топлина во станот или во куќата во текот на денот со користење ролетни и исклучувајте што е можно повеќе електрични уреди. Чувајте го вашето тело ладно и хидрирано. Користете лесна и лабава облека и постелнина, туширајте се со студена вода и пијте вода редовно, а избегнувајте пијалаци со шеќер, алкохол како и кофеин“, советуваат од Институтот за јавно здравје.

The post Плажата не е толку ризична, ризикот е да се стигне до неа appeared first on Слободен печат.


Плажата не е толку ризична, ризикот е да се стигне до неа was first posted on мај 18, 2020 at 4:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....