-3.2 C
Скопје
04:10 - 23 декември, 2024

Пет месеци КОВИД-19 во земјава: Вирусот потврден кај 9.934 луѓе, од нив 460 починаа

По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9934 луѓе. Од нив, излекувани се 5357, активно болни се 4117, а починаа 460 пациенти.

Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од почетокот на епидемијата. Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.

Позитивни на коронавирусот се вкупно 9934 заклучно со вчера, а 94 092 тестирања се направени досега. Во вкупниот биланс се и најновите 137 случаи од 1542 тестирања. Шеесет од нив се во Скопје,16 во Штип, 13 во Куманово,11 во Гостивар, седум во Тетово, по пет во Кичево, Дебар и Битола, три во Прилеп, Велес и Свети Николе и по еден нов случај во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар и Виница.

Во 460-те починати се и деветтемина пациенти за кои беше соопштено вчера (по поминати 24 часа) – тројца од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше и 103 оздравени пациенти: 53 во Скопје, 11 во Струмица, девет во Ресен, седум од Тетово, шест од Прилеп, пет од Велес, тројца оздравени од Кичево и Дебар, двајца од Битола и по еден од Штип, Кавадарци, Струмица и Крушево. Со нив, вкупниот број излекувани е 5357.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук објави дека и покрај благиот раст на активни случаи, процентот на хоспитализирани лица заболени од КОВИД-19 во изминатите две недели е намален за речиси два процентни поена.

– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со КОВИД-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два процента, односно од 11,5 отсто на 15 јули – на 9,7 отсто на 23 јули, наведе Филипче.

Посочи дека во континуитет, лицата кои се примени во болница од вкупниот број активни случаи не надминува 12 проценти.

Во светот до вчера заразени со КОВИД-19  се  15 736 499 луѓе, според евиденцијата на Универзитетот „Џонс Хопкинс”. Бројот на оздравени надмина девет милиони (9 043 203), а жртви на пандемијата, според статистиката на Универзитетот, се 639 652 луѓе.

The post Пет месеци КОВИД-19 во земјава: Вирусот потврден кај 9.934 луѓе, од нив 460 починаа appeared first on Слободен печат.


Пет месеци КОВИД-19 во земјава: Вирусот потврден кај 9.934 луѓе, од нив 460 починаа was first posted on јули 26, 2020 at 9:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....