3.8 C
Скопје
18:54 - 18 декември, 2024

Патриотско, глупаво, арогантно и без дух

Пред неколку денови бев во емисијата со име „Само вистина“ на Канал 5, и што да ви кажам, беше најблаго речено – весело. Сѐ уште ми се потврдува онаа прастара дефиниција за некој што се намерачил да биде алтернатива на Заев: ВМРО-ДПМНЕ и денес, како и вчера, е авторитарна партија, не трпат никаква критика и спремни се да чинат разни пакости за да ја укинат. Да ја укинат демократијата, не партијата. Александар Пандов се додржа фер на емисијата, но сепак, проблемот не е тој, туку проблемот е врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе праша некој: како го работат тоа? Реактивно, брутално, без шарм, без каква било креативност, работат според принципот „запали ја земјата“.

Беше интересно да се набљудува како пред граѓаните за време на корона-кризата измислуваа разни приказни, лажни вести, создавајќи перманентна криза, прво во медиумите, а потоа и меѓу граѓаните. Можам да ви дадам еден куп примери од нивни активисти за кои не е возможно да се рече дека тоа не е аминувано од Мицкоски и неговите стручни служби за рејтинг и специјални активности. Во секој случај, идиотските пропагандни перформанси на десничарската ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека не е особено интелигентна и политички поткована, туку е само арогантна и безобразна партија.

Нивната цел е секогаш да ги заплашат граѓаните кои сѐ уште не можат да се помират со фактот дека Заев на овие избори победува, па им испраќаат пораки дека не треба да се опуштаат, да ја држат борбената готовност – во тоа, барем досега, гледаме сите, не успеваат. Акциите, прес-конференциите, лажните вести на социјалните медиуми, толку многу ги иритираат граѓаните, кои досега искажуваат неверојатна храброст да им се спротивстават на таквите монтирани видеа и гнасни снимки. Ако, пак, се обидуваат да создадат впечаток дека граѓаните се на страната на Мицкоски, ниту во тоа не успеваат.

Се покажува и друго нешто. Дури и оние што се наоѓаат во „вмровската“ патриотска клиентела, се срамат на каков било начин да признат јавно дека нивната елита е длабоко компромитирана, се срамат дури и да го поддржат нивниот претседател Мицкоски. Тој срам за нив претставува еден вид „удар на интима“. Ако минатите кампањи на ВМРО-ДПМЕ беа сведени на заплашување и создавање паралелна реалност, ми се чини дека денес многу се зафркнаа.

Социјалните медиуми, платформа на која денес десницата ја губи битката, одиграа важна улога во деконструкција на целиот процес. Видете, јас не познавам човек што не би имал „трансфер на срам“ кога се слушаат нивните безидејности, нивната некомпетентност и нерелевантност. Кога велам „нерелевантност“, не мислам на нивната партиска бројка, таа е голема, тука немам дилема, но најпрво мислам на нерелевантност во идејна смисла. Нивните идеи денес не кореспондираат со современиот свет, не кореспондираат со денешната реалност. Таа десница е од 19 век, таа ниту знае да објасни што е секуларна држава, таа не знае да објасни што е тоа социјална правда, таа не знае да објасни ниту што е тоа правна држава, а камоли да знае што е тоа владеење на правото.

Знам, почитувани читатели, досадно е веќе да се повторува што е и каква е таа партија. Но никогаш не е досадно (а богами и одговорно е!) да се повторува што значи да се има авторитарен режим, посебно оние режими што имаат во себе една колоритна личност околу која градат стратегии и наративи: таквите не трпат критика и спремни се да чинат разни пакости само да ја укинат демократијата.

ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави единствено онака како што знае: реактивно, без шарм, без каква било трага на дух и креативност, според принципот „запали ја земјата“. Ако вие ним им пречите, ќе добиете навреди, ќе бидете мета или ќе бидете таргет на таблоидните портали, вашата глава ќе се тркала низ сајберпросторот, сѐ додека не ја разберете пораката.

Мислам дека оваа гадост ќе ја преживееме, а најлошото допрва почнува. Но, вреди човек да се бори за нашата слободна земја! И таквиот борец мора да биде награден.

Сигурен сум дека се сеќавате на оние поранешни времиња кои беа варварски, но сепак имаше примери што јасно ни покажуваа дека, по победа за едни, а пораз за други, се закопуваат воинствените секири, се подига бело знаме од двете страни. Знам, почитувани, многу сум читал „креативна индустрија“, ама сепак верувам, дека едната политичка партија темелно ќе се реформира, а другата политичка партија ќе продолжи по пат на ЕУ и НАТО.

The post Патриотско, глупаво, арогантно и без дух appeared first on Слободен печат.


Патриотско, глупаво, арогантно и без дух was first posted on јуни 28, 2020 at 10:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....