Властите во Сингапур одлучиле дека некои патници кои пристигнуваат во нивната земја, ќе треба да носат електронски уреди за следење за да се осигурат дека ги почитуваат правилата за карантин, пренесува Ројтерс.
Од 11 август, уредите ќе треба да ги носат сите странци и граѓани на Сингапур кои доаѓаат од одредени земји и мора да бидат во изолација.
Слични мерки презедоа и Јужна Кореја и Хонг Конг. Уредот користи GPS и Bluetooth за да ја одреди локацијата и да им испраќа на корисниците упатства што да прават. Ако некое лице го напушти местото на самоизолација, уредот го открива и го пријавува на надлежните органи.
Властите во Сингапур рекоа дека нема да ги чуваат личните информации на корисниците и немаат функција за снимање. Помалите од 12 години ќе мора да го носат уредот.
Оние кои не ги почитуват овие мерки, ќе бидат казнети според Законот за инфективни болести до шест месеци затвор или околу 7.000 американски долари. Во Сингапур има регистрирани 52.825 заразени луѓе, од кои повеќето се работници мигранти кои живеат во преполни домови.
The post Патниците што пристигнуваат во Сингапур ќе треба да носат уред за следење appeared first on Слободен печат.
Патниците што пристигнуваат во Сингапур ќе треба да носат уред за следење was first posted on август 3, 2020 at 10:58 am.