3.8 C
Скопје
18:36 - 18 декември, 2024

ПАРТИИТЕ ВЕТУВААТ БРДА И ДОЛИНИ: Список на желби или реални проекти?

Партиите не спијат. Ветуваат се и сешто за да ги убедат граѓаните дека токму тие се вистинска политичка опција. Патуваат од село до град, отвораат изборни штабови, делат партиски книшки. На два месеца до изборите оптимизмот им е на високо ниво, бидејќи сметаат дека токму тие со својата партиска понуда ќе ги освојат гласовите на граѓаните. СДСМ смета дека пред нив е „голема и најважна победа“ со која државата ќе ја однесат во ЕУ и НАТО, и така ќе биде победен режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Додека пак, ВМРО-ДПМНЕ бара победа бидејќи „по 12 април ќе следела обнова на Македонија“, особено во делот на чистиот воздух.

Иста е состојбата и во албанскиот политички блок. ДУИ, освен што ветува ветинг врз функционерите, во игра повторно ја враќа систематизацијата на административците кои со години седат дома и земаат плата. Ова прашање, според нив, ќе им биде во фокусот и ветуваат оти ќе се реши по изборите на 12 април.

Според професорката Мирјана Најчевска, работите во поглед на ветувањата веќе се изместени. Таа посочува дека политичките партии наместо да нудат реални програми, реални прагматични нешта што навистина можат да ги направат, нудат атрактивни неостварливи нешта.

– Повеќе како список на желби којшто нема никакви реални основи, ниту да бидат понудени, а камо ли да се очекува дека можат да бидат остварени. Дури би се очекувало граѓаните од овој тип на понуди да научат да препознаваат и да не се лажат толку лесно. Но, во човечката природа е да се надева дека е добро, ако педесет проценти од ветеното е точно. Тогаш можеби и нешто ќе се оствари – вели Најчевска.

СДСМ ги повикува граѓаните на 12 април гласот да го дадат за нив бидејќи тоа би значело „глас за развој, интеграции, повеќе пари, наспроти гласот за враќање во минатото и изолации што ВМРО-ДПМНЕ го нуди“. Ветуваат правна држава и најновото, одговорност за сите во проектот „Скопје 2014“.

– Сите судски предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите – нагласија од СДСМ.

Од друга страна и ВМРО-ДПМНЕ не останува покусо со понудата. Оттаму велат дека по 12 април, кога ќе ја формирале новата Влада, ќе следела „обнова која ќе значела и почист воздух за 50 проценти што би значело и повеќе здравје за граѓаните“. Од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат реализација на целосна гасификација на државата, гас до домаќинствата, државните институции, компаниите, но и инвестиции во обновливи извори на енергија.

– Ветерен парк Миравци којшто ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Најчевска предупредува дека партиите го изгубиле чувството за континуирана работа и затоа политичките партии си играат со проценти и бесмислени ветувања.

– Мицкоски вели дека ќе го намали загадувањето за педесет отсто. Тоа расфрлање со проценти е смешно. Бидејќи за една, две, три, или четири години не можеш да зборуваш дека ќе го решиш проблемот со загадувањето. Но затоа пак можат да се градат политики за десет, дваесет години, бидејќи такви работи не се решаваат за еден мандат туку е потребно градење на континуирани политики кои треба да ги спроведува државата – вели Најчевска.

Според неа, треба да се појават политички партии кои ќе кажат што може, а што не може да се реализира. Што е краткорочна работа која во рамки на еден мандат може да се направи, а што долгорочна, која треба државата треба да го направи. Таа посочува дека со вакви ветувања државата го губи континуитетот на функционирање, бидејќи цело време како да се почнува се одново.

– Тоа не спречува да се придвижиме во вистинска насока – вели Најчевска за „Слободен печат“.

The post ПАРТИИТЕ ВЕТУВААТ БРДА И ДОЛИНИ: Список на желби или реални проекти? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....