Џејкоб Блејк, Афроамериканец кого полицијата го парализираше пукајќи му во грб во државата Висконсин, повеќе не е со лисици врзан за болничкиот кревет, рече неговиот адвокат Патрик Каферти, објави денеска агенцијата ДПА.
Каферти за мрежата СиЕнЕн рече дека законот кој би оправдал држење со лисици е поништен и дека властите повеќе не го надѕираат Блејк во болница.
Блејк (29), остана парализиран од појасот надолу откако полицаец во неделата испука повеќе истрели.
Пукањето го снимил минувач, а видеоснимката која покажува дека Блејк е седум пати застрелан во грбот пред очите на неговите три деца се прошири на интернет и повторно го предизвика бесот од јавноста која на улиците од американските градои од крајот на мај кога полицаец при апсењето го задуши Џорџ Флојд.
Кеноша, град на езерото Мичиген каде мнозинско население се белци, и е на околу 64 километри од Милвоки, стана ново упориште на протести поради полициската бруталност и систематскиот расизам.
Точно 57 години по историскиот говор на водачот на борбата за граѓански права Мартин Лутер Кинг „Јас имам сон“, десетици илјади луѓе повторно во поворка прошетаа низ сојузната престолнина барајќи еднакви права за сите во петокот во Вашингтон како и прекин на полициското насилство над црнечкото малцинство откако низа полициски испади во Америка ги отворија старите рани на расизмот.
Поради страдањето на Блејк веќе неколку ноќи демонстранти протестираат во Кеноша.
Канцеларијата на ОН за човекови права во петокот објави дека снимките од пукањето врз Афроамериканецот Џејкоб Блејк во Висконсин покажуваат полициска употреба на „прекумерна“ сила која веројатно е од дискриминаторска природа.
The post Парализираниот Џејкоб Блејк повеќе не е со лисици врзан за болничкиот кревет (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Парализираниот Џејкоб Блејк повеќе не е со лисици врзан за болничкиот кревет (ВИДЕО) was first posted on август 29, 2020 at 6:13 pm.