2.8 C
Скопје
18:03 - 23 декември, 2024

Пандемијата со коронавирусот ќе предизвика насилства и демонстрации: Кои се очекувањата за Македонија?

Обемот на граѓанските нереди во изминатите десет години во светот се удвои, а се протестира од различни побуди – поради економската ситуација, полициската бруталност или политичката нестабилност, што е тренд кој пандемијата со ковид-19 би можела да го поттикне дополнително, покажува најновото истражување на Институтот за економија и мир (ИЕП), тинк-тенк со седиште во Сиднеј.

„Економскиот пад предизвикан од сегашната пандемија ќе има влијание на таквиот развој и ние очекуваме пораст на демонстрациите, особено во Европа“, изјави за бриселскиот портал Еурактив основачот на ИЕП, Стив Килелеа, по повод објавување на годишната публикација на институтот, Глобален индекс на мирот 2020 (ГПИ).

Бројот на насилни демонстрации порасна во светот во последните десет години за 282 отсто, а бројот на штрајкови за дури 821 отсто. Во текот на 2019 година, дури во 58 отсто од земјите кои ги опфатил извештајот имало насилни протести, што е развој кој, според оценката на ИЕП, „одржува долгорочен тренд“.

Најмногу протести и штрајкови имало во Европа, но на стариот континент дури 35 отсто од вкупно околу 1.600 такви акции се квалификувани како насилни, што е најмал процент во глобални рамки.

Според проценките на извештајот, напнатоста на глобално ниво и натаму ќе биде с епоголема, бидејќи пандемијата негативно влијае на политичката стабилност и се заканува да ги уништи повеќегодишните резултати во областа на општествено-економскиот развој. Може да се очекува и дека општествата ќе станат се повеќе поларизирани, се оценува во ГПИ.

„Веројатно е дека еконосмките последици од ковид-19 ќе ја зајакнат напнатоста, бидејќи ќе ја зголеми невработеноста, ќе доведе до пораст на нееднаквоста и ќе ги загрози условите за работа, што ќе доведе до отуѓување на политичкиот систем и до се повеќе граѓански немири“, оцени Килелеа.

Според студијата, во Европската Унија, Италија, Грција, Летонија и Полска се земјите за кои постои најмала веројатност дека пандемијата добро ќе ја поднесат во економска смисла, бидејќи во нив постојат големи економски предизвици, а тие не стојат добро во областа на „социјалната отпорност“.

Најновиот Глобален индекс на мирот покажува дека Исланд и понатаму е најмирна земја на светот, што е позиција која ја држи уште од 2008 година. Следат Нов Зеланд, Австраија, Португалија и Данска. Од друга страна, на ќело на табелата и натаму е Авганистан како најнемирна земја, а по него следат Сирија, Ирак и Јужен Судан.

Од земјите на бивша Југославија, на глобалната табела на мирот на која се рангирани 163 земји, само Словенија е меѓу земјите со многу висок степен на мир, и тоа на 11. место. Хрватска на 26. место и Србија на 51. место се во групата земји со висок степен на мирот, додека меѓу земјите со среден степен на мирот се Македонија на 62. место, Црна Гора на 69, БиХ на 79. место. Во оваа група на земји се наоѓа и Косово на 85. место.

Во истражување на ГПИ не е земено во предвид дали во некоја земја е во тек или таа води војна, туку се анализирани низа на индикатори поврзани за трите главни тематски области – за безбедност, за тековни внатрешни или меѓународни конфликти и за степенот на милитаризација.

 

The post Пандемијата со коронавирусот ќе предизвика насилства и демонстрации: Кои се очекувањата за Македонија? appeared first on Слободен печат.


Пандемијата со коронавирусот ќе предизвика насилства и демонстрации: Кои се очекувањата за Македонија? was first posted on јуни 12, 2020 at 8:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....