10.8 C
Скопје
09:21 - 23 април, 2024

Оваа недела почнува светиот муслимански пост, но без заеднички молитви и други обичаи

Во деновите во пресрет на светиот месец Рамазан, муслиманскиот свет се соочува со парадоксот кој го донесе пандемијата на коронавирусот: присилно одвојување во периодот кога дружењето меѓу луѓето е свето.

Но зад затворените џамии, како резултат на забраната за движење и забраната за масовни молитиви, од Сенегал до Југоисточна Азија, околу 1,8 милијарди муслимани се соочуваат со празнување на Рамазан како никогаш досега. Низ муслиманските држави пандемијата на коронавирусот создава нова загриженост во пресрет на  светиот пост кој започнува во четврток.

Муслиманските семјества во Алжир обично ги примаат во својот дом роднините и соседите, и ги послужуваат со чај и ладни пијалаци за време на месецот, во кој верниците од муслиманската религија, постат од утринските часови па сè до вечерта. Но сега се чини дека коронавирусот ќе ги спречи овие посети на најблиските, со жалост констатираат верниците.

Она што ги загрижува верниците се затворените џамии. Тие велат дека не можат да го замислат Рамазан без дополнителните молитви во џамиите кои се изведуваат по ифтарот, вечерен оброк, прв во целодневниот пост, кој се консумира непосредно по заоѓањето на сонцето.

Во Јордан се очекува владата , во координација со соседните арапски држави да објават фетва (правно мислење), во кое ќе биде назначено кои рамазански ритуали ќе бидат дозволени.

Во египетската престолнина, 23-милионскиот Каиро, градот кој никогаш не спие, коронавирусот се покажа катастрофален.

Луѓето не ги посетуваат продавниците бидејќи се плашат од болеста. Оваа година се смета за најкатастрофална, велат трговците кои се најпогодени од вонреднте мерки против ширење на пандемијата.

Традиционално, за време на Рамазан, трговците имаат голема побарувачка и голема продажба, што годинава видливо е опадната.

Полицискиот час и забраната за масовни собири се една од причините, но секако има влијание и стравот од болеста, коментираат уличните продавачи во Каиро.

Покрај скратените и забранети свечености пред тие воопшто и да започнат, коронавирусот ја искомплицира и традицијата кога постот и правењето добри дела се сметаат за обврска.

Во Алжир, сопствениците на рестораните јавно прашуваат како да дадат ифтар на лицата на кои тоа им е неопходно, додека хуманитарните организации во Абу Даби, каде слабо платените работници од Јужна Азија добиваат ифтар, не се сигурни дека ќе имаат каде да го послужат бидејки џамиите се затворени.

Многумина останаа без работа како резултат на коронавирусот и многумина од граѓаните се надеваа  на добивање  хуманитарна помош во храна, која сега е скратена.

Што се однесува до Сенегал, тамошните граѓани засега не се откажуваат од подарувањето на храна. Во главниот град Дакар, хуманитарните организации храната ќе ја дистрибуираат во верските училишта, а не на традиционалното место , на улица.

Има и поинакви најави за начинот на собирање на најблиските за време на светиот месец Рамазан. Интересен е примерот на одредени граѓани на најбројната муслиманска држава во светот Индонезија, кои  најавуваат  дека ќе  остварат средба со најблиските преку интернет односно преку апликацијата Зум, наместо да ги посетат во домовите.

Сепак останува загриженоста дека оваа година за време на празнувањето, нема да има ниту заеднички ифтар ниту пак заедничка молитва во џамиите, што овогодинешниот Рамазан го прави многу поинаков отколку што тоа е традиција, со жалење констатираат муслиманските верници низ светот.

The post Оваа недела почнува светиот муслимански пост, но без заеднички молитви и други обичаи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....