4.8 C
Скопје
09:46 - 5 февруари, 2025

Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден (ФОТО)

Бистата на Крсте Петков Мисирков, авторот на книгата „За македонцките работи“, завчера вечерта била изненадно отстранета. Отстранувањето на бистата го дочека неподготвен и Велија Рамковски, финансиерот на целокупната акција за промоција на делото на Крсте Петков Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци.

Фото: Драган Митревски

Слободен печат стапи во контакт со Велија Рамковски, кој не го криеше изненадувањето од ваквиот потег.

– Не знаев дека споменикот е отстранет, сега првпат слушам за тоа од вас. Никој не ми најави, ниту ме информираше дека споменикот ќе се отстранува. Морам да кажам дека пред една година ми се јави секретарката на МАНУ и ме праша за согласност споменикот да биде дислоциран пред влезот на МАНУ, јас се согласив, за што потпишав и изјава. Меѓутоа, тоа беше пред една година. Оттогаш ми се немаат јавено, јас мислев дека се откажале, вели Рамковски, кој не го криеше незадоволството од отстранувањето на бистата.

Многу ме погодува тоа што го отстранија делото од Крсте Петков Мисирков. На промоцијата на бистата пееше и Тоше Проески, тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Криво ми е што од сите споменици од 2014 година, го отстранија само Мисирков, додава тој.

Од Град Скопје велат дека немаат ништо со отстранувањето на споменикот. Од МАНУ се уште чекаме одговор на прашањето, дали можеби тие ја земале бистата на Мисирков.

The post Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден (ФОТО) was first posted on септември 16, 2020 at 1:34 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....