Шефот на кинескиот тим на експерти кој престојува во Србија, Пенг Џичанг оцени дека во таа држава се преземени мерките кои биле потребни – воведена е вонредна состојба, полициски час, затворени се границите. Тој вели дека тоа се ефикасни мерки за контролирање на епидемијата.
Говорејќи за природата на Ковид-19, д-р Пенг рекол дека тоа е нов тип на коронавирус и според досегашните сознанија е сличен на САРС и МЕРС.
– Отпорноста на вирусот е сличен на нивната отпорност. Значи, подолго се задржува на ладно. Имаше гласини дека „не сака“ високи температури, но според последните искуства, од нив баш и не се плаши. Може да се уништи по еден час изложеност на температура од 56 степени. Значи, може да опстане и во Африка. И таму има заболени. Меѓутоа, најлесно се појавува на ладно – истакна д-р Пенг.
Според неговите зборови, вирусот најлесно може да се пренесе првите два дена од појавата на болеста и пет дена по појавувањето – тогаш е најопасен. Како најефикасна мерка на заштита од коронавирусот, д-р Пенг наведува да се носат маски.
The post Откриено на која температура се уништува коронавирусот: Никој не го очекуваше ова appeared first on Слободен печат.