0.8 C
Скопје
10:20 - 19 декември, 2024

ОСКАРИ: Занимливости кои можеби не ги знаете за Оскарите

Од првото доделување на Оскарите во далечната 1929 година, овој гламурозен настан го привлекува вниманието на љубителите на филмот од целиот свет.

Но, дали знаете за овие занимливости?

Добитник на Оскар меѓу немите филмови

„Артист” беше серозен конкурент за освојување на Оскар за најдбар филм, но еден нем филм кој пред него го освои Оскарот за најдобар филм е „Вингс”, во 1929 година. Филмот е за двајца воени пилоти во Првата светска војна и немо глумеле Чарлс „Буди” Роџерс, Ричард Ален, Клара Боу и во тоа време младиот Гари Купер.

Првиот добитник на Оскар меѓу техноколор филмовите

Првиот филм во боја кој го освоил Оскарот за најдобар филм е „Однесено од ветерот” во 1940 година.

Најмногу номинации и Оскари 

Волт Дизни има освоено најмногу Оскари. Бил номиниран за 64 награди, а освоил 26. Композиторот Џон Вилијамс е втор по ред – со 51 номинација.

Глумец и глумица со најмногу Оскари

Глумица со најмногу Оскари е Кетрин Хепберн која освоила четири Оскари за најдобра глумица во својата кариера. Клинт Инствуд меѓу глумците освоил најголем број Оскари, со четири трофеи со своетео име.

Најмладиот добитник на Оскар

Најмладиот добитник на Оскар досега е Татум О’Нил која имала само 10 години кога ја освоила наградата за најдобра споредна улога во филмот „Месечина од хартија”.

Првата награда за најдобра режија доделена на жена

Кетрин Бигелоу стана првата жена која добила Оскар за најдобра режија во 2010 година за нејзината воената драма „Шкафче на болката”. Кетрин така го победила својот сопруг Џејмс Камерон кој се натпреварувал во истата категорија за епското дело „Аватар”. Тогаш таа била четврта жена режисер која била номинирана во историјата на Филмската академија.

„Најсиромашниот” добитник на Оскар

„Шкафче на болката” имал уште еден рекорд во филмската индустрија. Тоа е филм кој остварил најмалку приход во кинотеките. Се проценува дека од прикажувањето заработил само околу 21 милиони долари, што е помалку од 2% од износот кој конкуретниот филм „Аватар” заработил од продажба на карти таа иста година.

Семејство добитници на Оскар

Неколку познати парови освоиле Оскар, но само едно семејство од Холивуд може да се пофали дека ја освоила оваа престижна награда како семејство – Минели.

Говор кој се памти на доделување на награди на Филмската Академија

Кој може да ја заборави Гвинет Палтроу која плаче на патот до бината за да ја прими наградата за најдобра глумица во 1999 година за филмот „Вљубениот Шекспир“.  Потоа, Џулија Робертс, која се смеела од возбуда и заборавила да се заблагодари за својата улога во „Ерин Брокович”. Нешто подолг говор и припаѓа на глумицата Грир Гарсон, која зборувала повеќе од седум минути кога ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога во 1934 година.

The post ОСКАРИ: Занимливости кои можеби не ги знаете за Оскарите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....