12:39 - 16 јануари, 2026

Онлајн учењето ќе стане едноставно и ефикасно, и за учениците и за наставниците

Националната платформа за онлајн учење ќе биде повеќе од добра замена за традиционалната настава – изјави вчера министерката за образование и наука Мила Царовска, која на прес-конференција, заедно со премиерот Зоран Заев, ја претстави националната платформа за онлајн учење, која ќе се употребува од почетокот на новата учебна година.

– Пандемијата покажа дека треба многу да научиме за планирањето на инвестициите во образованието и колку е тоа важно за сите нас. Пандемијата ни покажа дека ни е потребен добар образовен систем и дека треба да работиме на негова дигитализација. За првпат со домашни ресурси и експерти подготвивме национална платформа за онлајн учење. Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и јас сум убеден дека ќе ја засакаат сите. Пет јазици – македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик. Квалитетно и иновативно образование по мера на секого е една од нашите основни цели. Давам безрезервна поддршка за имплементација на овој процес. Посветено ќе работиме на реформи во образованието – изјави премиерот Заев.

Министерката Царовска во своето обраќање посочи дека станува збор за едноставна платформа, која е едноставна за користење и за наставниците и за учениците, а дополнително самите ученици ќе имаат можност да понудат идеи за нејзина надоградба за да биде полесна и поефективна за користење.

– Силно се посветивме на креирање платформа за учење од далечина. Таа е влог за модернизација на образованието и алатка што ќе помогне да се задржи квалитетот на образованието и во време на пандемија, но ќе биде корисна и во иднина. Целосно ја разбирам загриженоста на родителите, како ќе одат на работа и како ќе им помагаат на своите деца при учењето. Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме. Таа е лесна и практична и овозможува наставниците на едноставен и на креативен начин да воспостават комуникација со учениците. Националната платформа е многу повеќе од подобра замена за традиционалното учење – изјави Царовска.

Министерката потоа откри со какви содржини ќе располага платформата, а истакна и дека веќе има обучени кадри, кои ќе им ја презентираат платформата на наставниците пред почетокот на учебната година.

– Наставникот ќе може да ги користи сите видео и аудиоматеријали од платформата. Ќе има квизови и брзи тестови, кои ќе бидат поставени на платформата. Учениците директно ќе се вклучуваат во доградување на платформата за да ја адаптираат на своите потреби. Платформата е преведена на сите наставни јазици. За користење на платформата најпрво се обучија 30 обучувачи од голем дел од општините од нашата држава. Обуката се изведува на три наставни јазици, а  веќе обучените лица ќе ги обучат и сите наставници на ниво на поединечни училишта – изјави Царовска.

Еве како ќе изгледа еден час во живо на новата национална платформа оваа учебна година (ФОТО)

The post Онлајн учењето ќе стане едноставно и ефикасно, и за учениците и за наставниците appeared first on Слободен печат.


Онлајн учењето ќе стане едноставно и ефикасно, и за учениците и за наставниците was first posted on септември 19, 2020 at 8:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....