Веќе три децении Македонија нема законска регулатива за работа на Собранието во вонредни услови, вели спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. Според него не смее да се дозволи парламентот во случај на пандемија, земјотрес или пожар да не работи. Мора да има правна рамка. Џафери од парламентарните пратенички групи ќе побара да дадат предлози како да се уреди овој проблем. Дали ќе бидат донесени посебни прописи за работа во вонредна состојба на законодавниот дом, или пак со измена на правилникот за работа на Собранието, допрва ќе се договора.
– Алтернативната работа на Собранието секако дека е врзана за пандемијата предизвикана од ковид-19 која почна во пролет, во месец март. Според заклучоците на СЗО оваа состојба ќе потрае во следните две години. Секако дека јас како претседател на Собранието обврзан сум да размислувам за функционалноста на Собранието и во редовна и во вонредна ситуација и затоа на првите средби на координација ја изнесов идејата да почне да се размислува за алтернативните можности за работа на Собранието. За жал таа идеја на претседателот се обиде да се спинува како обид на мнозинството за да се одбегне редовната работа на парламентот и со тоа да се надополни можниот недостиг на кворум, бидејќи со тоа фактички пратениците ќе можат да работат од дома. Тоа не беше основната идеја. Идејата беше Собранието да работи во нормални услови како што е пропишано, но факт е дека во овие три децении немаме пропишано работа на институцијата и функционирањето во вонредни услови: Пандемијата ни покажа дека е неопходно да се пропише и да се има во предвид алтернативна можност за работа во такви услови. Денска е пандемија, утре може да биде друга причина, а задутре трета. Може да биде пожар, земјотрес, кои ќе предизвикаат да има вонредна состојба. Во такви вонредни околности како ќе работи Собранието, кај ќе работи? Затоа викам алтернатива за функционалноста на институцијата, која е институција на граѓаните и која треба да ја имаме.и во вонредни состојби, вели Џафери.
Во наредните два до три месеци се очекува да се направат техничките и финансиските подготовки. Финансиската конструкција за он лајн собрание допрва ќе се гради.
Поради коронакризата голем дел од националните парламенти во земјите членки на ЕУ веќе усвоиле најразлични пристапи за решавање на предизвикот поврзан со организаијата на парламентите и обезбедување непречено вршење на пратеничката функција. Земјите прифатиле различен пристап. На пример двата дома на Парламентот на Шпанија (Сенатот и Конгресот) овозможиле непречено вршење на пратеничката функција преку т.н. гласање од далечина преку употреба на електронски средства за пленарните сесии одржани за време на кризата предизвикана од коронавирусот.
Парламентот во Италија води дебата за организирање на работаа на претениците преку нивно сместување во различни згради со цел да се обезбеди потребното ниво на социјално дистанцирање. Германскиот Бундестаг преземал мерки согласно со кои ќе се намали потребниот праг за гласање во парламентот, од потребната половина од вкупниот број на пратеници за донесување на законско обврзувачки решенија на четвртина од пратениците на Бундестагот. Присуството на четвртина од сите членови ќе го задоволи ова барање, Парламентот на Романие согласно измената на внатрешните правила за парламентарна работа донел одлука за одвивање на парламентарната работа преку целосна употреба на електронски средства во исклучителни околности, (епидемии, природни непогоди, земјотреси или терористички настани), кои спречуваат пратениците да бидат физички присутни во Парламентот.
Полска донесе одлука дека за време на епидемија само ограничен број пратеници од секоја група ќе бидат физички присутни во Сејмот, сите други ќе можат да учествуваат преку технологијата, преку видео – врска што ќе обезбеди верификација на идентитетот на секој член. Гласањето, исто така, ќе се одржи по електронски пат, по дополнителна проверка на идентитетот. Парламентот во Франција (двата дома, Сенатот и Конгресот), со цел да се прилагоди на кризата ковид -19 ги вовел следните методи – суспендирање на сите тековни активности, освен донесување закони за итни случаи и прашања до владата, намален формат за седници, ограничен на три лица по политичка група, претседател плус двајца пратеници.
The post Он лајн Собрание ќе има, но само како алтернативно работење во случај на вонредни околности appeared first on Слободен печат.
Он лајн Собрание ќе има, но само како алтернативно работење во случај на вонредни околности was first posted on септември 11, 2020 at 2:45 pm.