22:17 - 22 декември, 2024

Официјално објаснување од СЗО: Еве колку време се задржува корона вирусот на заштитните маски

Ако користите обични хируршки маски, не заборавајте да ги менувате редовно. Истражувачите со месеци го проучуваат новиот корона вирус за да откријат колку долго останува на различни површини и под какви услови.

Некои студии во Хонгконг откриле дека значителното ниво на вирусот сè уште може да се открие на надворешниот слој на хируршката маска дури и по седум дена.

Од друга страна, американските научници не го пронашле вирусот по 24 часа на картон, што укажува дека употребата на поштенски услуги, односно испорака на пакети, генерално не претставува опасност.

Светската здравствена организација соопшти дека е многу мала веројатноста луѓето да се заразат преку пакетите на пазарот, вклучително и оние што се доставуваат преку пошта.

Печатената хартија, вклучително и весниците, го убиват вирусот за три часа, а експертите денес објавија дека веројатноста за зараза од превезената стока е мала.

– Веројатноста дека заразено лице ќе го пренесе вирусот на производи кои се продаваат во маркетите, како и на индустриските производи, е мала. Ризикот од инфекција со коронавирусот преку пакетите кои се превезуваат и кои постојано се преместуваат и се изложени на различни временски услови, е исто така многу мал – соопшти Светската здравствена организација.

 

 

The post Официјално објаснување од СЗО: Еве колку време се задржува корона вирусот на заштитните маски appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....