-1.2 C
Скопје
06:53 - 19 декември, 2024

Одложувањето на вакцинацијата носи ризик за детето и од други болести

Известувања и покани за вакцинација се испраќаат до родителите, иако пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 сѐ уште е актуелна, а бројот на заболени по трендот на пад повторно оди нагоре. Родителите се соочуваат со дилема дали и во услови на пандемија треба децата да ги носат на вакцинација и дали во пунктовите за вакцинација се изложуваат на ризик да бидат инфицирани со вирусот, поради што и бројот на деца што се вакцинираат е намален.

– На електронска пошта од училиштето добивме известување за вакцинирање. Малку се изненадивме, бидејќи, сепак, епидемијата сѐ уште трае и имаме дилема дали не е подобро да се почека. Треба да се ревакцинира со ди-те-пер вакцина, која знае да даде покачена температура. Ако тоа се случи, нема да знаеме дали детето има некоја вирусна инфекција или пак е реакција од вакцината – вели мајка на седумгодишно дете.

Таа, исто така, посочува дека, од друга страна, неизвесно е до кога би се одложило вакцинирањето, бидејќи не се знае точно како ќе се развива ситуацијата со пандемијата и дали би можело да има и втор бран, по стивнувањето на првиот.

Препораки и од Комисијата за заразни заболувања

Комисијата за заразни заболувања уште во март даде препорака вакцинацијата на децата од училишта и од предучилишна возраст да се одвива тековно, според редовниот календар за имунизација. Оваа комисија на 28 април препорача да се почне со вакцинација на децата од училишна возраст со претходно испратени покани и закажани прегледи. Приоритет треба се дава на децата што се во завршните години од образованието, со цел да се спречи пропуштање на имунизацијата на овие генерации, затоа што одредени вакцини мора да се дадат на одредена возраст.

Проф. д-р Александра Грозданова, која го води Националниот комитет за имунизација, вели дека и Светската здравствена организација, исто така, препорачува вакцинацијата да се организира без застој. И покрај тоа, поради епидемијата и стравот кај родителите, во вакциналните пунктови е намален бројот на деца што се вакцинираат, иако оваа појава не е во драматични размери.

Безбедно закажување

– Родителите треба да се свесни дека со тоа што ќе го одложат вакцинирањето, го зголемуваат ризикот детето да добие некои друго заболување, за кое заштита даваат вакцините и се нарушува редоследот на вакцините што се во редовниот календар на имунизација. Овој проблем е особено изразен кај децата од предучилишната возраст, затоа што тие почесто примаат вакцини, така што многу лесно може да дојде со комплетно изместување на календарот за имунизација – објаснува Грозданова.

Таа додава дека со некои од овие вакцини, како што е таа за хемофилус инфлуенца или за стрептококна пневмонија, детето се штити од инфекции на респираторниот систем, со што се намалуваат ризикот од евентуални компликации и доколку дојде до инфекција со ковид-19.

Шансите да дојде до инфекција во вакциналните пунктови се намалуваат со тоа што малите деца се закажуваат на поголемо временско растојание, со што се избегнуваат блиски контакти. Училишните деца се примаат во помали групи од пет деца.

– Ги повикуваме родителите според насоките да ги носат децата на вакцинација и да не ги одложуваат вакцините – вели д-р Грозданова.

Минатата година имавме епидемија на морбили во земјава поради намалениот опфат на децата со вакцината против морбили, рубеола и паротит.

The post Одложувањето на вакцинацијата носи ризик за детето и од други болести appeared first on Слободен печат.


Одложувањето на вакцинацијата носи ризик за детето и од други болести was first posted on мај 26, 2020 at 2:49 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....