14.8 C
Скопје
09:23 - 3 мај, 2024

Одговор на прашањето кое го мачи цел свет: Дали лицата заразени од коронавирусот и натаму го шират?

Секој ден за одреден број на луѓе може да се каже дека оздравеле, односно дека се излечени од коронавирусот, а малку има одговори во јавноста за тоа кога едно лице се смета за безопасно за негово ширење на вирусот.

Одговорот е само јасен во смисла на правилата на Извршниот институт за здравје кој го употребува терминот „клинички оздравел“, а неизвесно е што може потоа да се случи.

Пациентот имал симптоми, послаби или силно изразени, лечен е од коронавирус дома или во болница, станал асимптоматичен, може да има негативен резултат на контролата со тампон тест двапати по ред во рок од 24 часа меѓу едниот и другиот, но прашање е кога вирусот навистина исчезнал од организмот.

Тоа е причината зошто пациентите со тешки последици после лекувањето, остануваат во карантин уште 14 дена и после напуштањето на болницата.

И на уште две прашања, засега изостануваат одговори: Што после претпоставката дека вирусот исчезнал и постојат ли некои кои можат повторно да се заразат?

Досега, експертите велат дека науката не дала прецизни одговори, зошто можно е вирусот да мутирал, но и тоа останува на ниво на претпоставка.

Експертите од Вухан се сретнале со ситуација дека луѓето повторно се заразиле, а претходно биле оздравени, но сега останува најважно прашањето кое бара ургентен одговор, дали таквите можат повторно да ги заразат другите околу себе.

Студијата на Институтот „Марио Негри“ од Бергамо го изучува времето во кое лицата заболеле, а голем број од нив поради пренатрупаните болници се лекувани дома, безопасни за околината, а тоа било суштински важно сознание дали квалификацијата „оздравел“ значи може ли да го шири вирусот или не и после исчезнувањето на температурата или тешките симптоми.

Во обидот да стигне до одлучувачкиот јазол во разрешувањето на таа дилема, лежи избегнувањето на враќањето на пандемијата, значи сузбивањето на епидемијата на индивидуално и колективно ниво, зошто и бројот на оние со симптоми може да стигне меѓу 18-30 отсто од целокупната заразена популација.

Така што лицето кое се смета за оздравено тргнува, незнаејќи дека се уште е заразна и се почнува од почеток, предупредуваат од институтот во Бергамо.

А, токму во Бергамо е издвоена една голема хотелска структура каде се сместени пациенти кои се сметаа за клинички здрави и остануваат во карантин под контрола уште две седмици за да нема рецидиви на вирусот, додека не се покаже спротивното и за секој случај да не го заразат семејството.

За децата чии двајца родители се заразени од коронавирусот исто така е најдено сместување, а за нив се грижи специјализиран персонал како и психолози за помалку да го почувстуваат недостатокот на родителската љубов и така се на сигурно дека се вратат во заедничкиот живот.

 

The post Одговор на прашањето кое го мачи цел свет: Дали лицата заразени од коронавирусот и натаму го шират? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....