5.8 C
Скопје
20:03 - 16 ноември, 2024

Обраќање на Борис Џонсон: Ова не е крај, туку почеток (ВИДЕО)

Велика Британија ја напушти Европската унија – 47 години откако стана членка и 1.317 денови по референдумот. Знамиња на таа држава веќе нема на европските институции.

За премиерот Борис Џонсон тоа значи „промена” и „зора на нова ера”. Тој сака да ја обедини државата по годините на поделби поради брегзит.

– Ова не е крај, туку почеток, нагласи конзервативниот лидер во своето обраќање пред нацијата вечерва во 11 часот по средноевропско време, на еден час пред историското напуштање на Велика Британија – првата земја што ја напушта Унијата.

– Ова е време кога … се крева завеса пред нов  чин, се наведува во делови од вечерашниот говор што го објави Кабинетот на Џонсон.

– Ова е момент на вистинско национално обновување и промена.

Џонсон исто така сака да ги остави зад себе поделбите што ги разединуваат Британците по референдумот во 2016 година, на кој 52 процента гласаа за Брегзит.

– Нашата работа во Владата – мојата работа – е да ја обединиме земјата и да ја поведеме напред.

Премиерот  ќе го слави брегзит во Сандерленд на министерска седница со која ќе претседава. Во тој град на североисток на Англија, кој на референдумот за 2016 година прв гласаше за брегзит со 61 процент – е најголемата автомобилска фабрика на јапонскиот производител Нисан во Европа.

Патот до брегзит ги чинеше кариерите на двајцата премиери – Дејвид Камерон и Тереза Меј, осум министри и десет пати повеќе пратеници.

Владата во Лондон верува дека моментот ќе помине достоинствено, без триумфализам, со црвени, бели и сини светла кои ќе ги осветлат зградите на владините институции и часовник проектиран на зградата на резиденцијата на премиерот што ќе ги одбројува последните минути.

Големиот заговорник на брегзит, Најџел Фараж, планира малку побучна прослава со песни и говори, а своите приврзаници ќе ги собере пред Парламентот.

Жителите на Лондон  гласаа да останат во ЕУ и за градоначалникот Садик Кан главниот град секогаш ќе остане „вистински светски, европски град”.

– Ќе продолжиме да бидеме светилник на напредни идеи, на либерални вредности, рече Кан.

Во Единбург знамето на ЕУ нема да биде отстрането од шкотскиот Парламент. Пратениците одлучија да го задржат како симбол на нивното противење на брегзит.

Шкотската Влада ќе ги осветли двете владини згради во боите на знамето на ЕУ, сина и жолта.

Биг Бен нема да чука, затоа што во тек е негово реновирање. Британците собраа 270.000 фунти со донации од 56 држави. Не собраа половина милион колку што треба за поправка.

Фото: ЕПА

Во Брисел британското знаме ќе биде отстрането од институциите на ЕУ.

Веднаш по напуштањето на ЕУ, Велика Британија влегува во 11-месечен преоден рок, за време на кој ќе продолжи да ги почитува правилата на ЕУ и да уплаќа пари на ЕУ.

Повеќето работи ќе останат исти, но ќе има некои промени, наведува Би-Би-Си.

Седумдесет и три европратеници автоматски ќе ги загубат своите места во Европскиот парламент бидејќи Велика Британија ќе ги напушти сите европски институции и агенции. Сепак, за време на транзицискиот период, Европскиот суд на правдата ќе продолжи да има последен збор за правните спорови.

Британскиот премиер ќе треба да биде посебно поканет доколку сака во иднина да им се придружи на другите лидери на самитите на Советот на ЕУ.

Британските министри, исто така, веќе нема да присуствуваат на редовните состаноци на ЕУ.

Велика Британија ќе може да започне дискусии со земји ширум светот за да постави нови правила за купување и продажба на стоки и услуги, затоа што се додека не беше членка на ЕУ не смееше да одржува формални трговски разговори со земји како што се САД и Австралија.

Британските пасоши ќе ја променат бојата, повторно, по повеќе од 30 години – ќе бидат сини со елементи од златна боја, какви се користени за првпат во 1921 година. Сепак, постојните пасоши (темно-црвена боја) сепак ќе бидат валидни.

Околу три милиони пригодни монети од 50 пени ќе бидат во оптек со датумот „31 јануари” и натписот: „Мир, просперитет и пријателство со сите нации”. Противниците најавуваат – „нема да ги ставиме в џеб”.

Од денес, Европската унија може да стане прибежиште на криминалците од Британија – веќе нема да важат правилата за екстрадиција. Германија потврди дека нема да испорача никого.

За претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел Велика Британија останува „партнер и пријателска земја”.

– Велика Британија не е противник, таа е партнер и пријателска земја… Нашата порака пред преговорите за организирање на идниот однос меѓу Европа и Велика Британија е многу едноставна: сакаме да го задржиме најблискиот однос во сите области, но колку повеќе Британија сака да се одалечи од европските стандарди, толку помалку ќе има пристап до европскиот пазар, изјави Мишел.

– Ќе има последици кога повеќе не припаѓање на клубот на ЕУ.

Брегзит претставува „длабок рез” за Германија и низ цела Европа, нагласи германската канцеларка Ангела Меркел. Таа истакна дека Европа ќе ги брани своите интереси, особено интегритетот на европскиот единствен пазар во тешки преговори што ќе следуваат оваа година во дефинирањето на идниот трговски однос меѓу блокот на преостанатите 27 земји и Лондон.

Брегзит е историски аларм што мора да одекне во сите држави и да биде слушнат од сите во Европа и поради тоа мора да се замислиме, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Кампањата за референдум, што доведе до гласање на Велика Британија за напуштање на Европската унија, треба да биде потсетник за „она што лагите може да и направат на нашата демократија”, нагласи Макрон во телевизиското обраќање.

Освен преговори за нови односи со Европската унија, претстојат и преговори за слободна трговија со САД.

Затоа се очекува „трговија” да биде збор на годината. Првиот тест ќе биде вредноста на фунтата во момент на брегзит, бидејќи британската валута досега се менуваше на секоја, дури и најмалата, промена во политичкиот и економскиот пулс на земјата.

Лондонски Сити исто така се подготвува, но повеќе од нив – Франкфурт.

Банкарскиот центар во Франкфурт е еден од победниците од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, се наведува во анализа на Landesbank Hessen-Thüringen (Хелаба) објавена денеска.

– Повеќе од 30 странски банки ја донесоа својата одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави аналитичарот на Хелаба, Улрике Бишоф.

– Ниту еден друг банкарски центар не може да остане во чекор. Финансиските компании што претходно работеа во Лондон мора да изградат основа во континентална Европа, поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, за да продолжат да ги нудат своите услуги во иднина, рече таа.

Поради брегзит, до крајот на 2021 година, најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во „кулите во Франкфурт”, вели Бишоф, која со години го анализира развојот на најважниот финансиски центар во Германија.

The post Обраќање на Борис Џонсон: Ова не е крај, туку почеток (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....