14.8 C
Скопје
11:01 - 26 април, 2024

Објавена снимка од тајното засолниште на Кристијан Брукнер, осомничен за убиството на Медлин Мекен, еве што пронајде полицијата (ВИДЕО)

Германската полиција наводно открила повеќе од 8.000 фотографии и снимки на усб и хард дискови, кои биле закопани во напуштена фабрика која му припаѓа на Брукнер.

 

 

Сега се тврди дека новите докази би можеле да содржат значајни траги во врска со исчезнувањето на Медлин Мекен, на која и се загуби секаква трага во Португалија во 2007 година, пренесува Дејли Мејл.

Меѓутоа, главниот обвинител Ханс Кристијан Волтерс за емисијата „Австралија во 60 минути“, не можеше да потврди дали на тие фотографии се наоѓа Медлин.

„Во овој момент не ми е дозволено тоа га го коментирам и затоа не можам да кажам дали постојат и фотографии од Медлин“, рече тој.

Објавена е снимка од внатрешноста на тајното засолниште на Германецот, а на имотот полицијата го открила и неговото комбе со многу костими за капење за кои се верува дека им припаѓаат на девојчиња.

На снимката се гледа затвоената фабрика на непозната локација, а пред неа се наоѓаат купови пластични кеси, кутии и делови од компјутери.

Инаку, Кристијан Брукнер (43) е означен како главен осомничен во врска со исчезнувањето на девојчето во 2007 година од летувалиште во Португалија.

 

The post Објавена снимка од тајното засолниште на Кристијан Брукнер, осомничен за убиството на Медлин Мекен, еве што пронајде полицијата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Објавена снимка од тајното засолниште на Кристијан Брукнер, осомничен за убиството на Медлин Мекен, еве што пронајде полицијата (ВИДЕО) was first posted on јуни 29, 2020 at 10:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....