3.8 C
Скопје
13:22 - 23 декември, 2024

„Обичните“ пациенти пред пеколна дилема: Да добиеш коронавирус или да умреш од нешто друго?

Големата здравствена криза предизвикана од појавата и ширењето на коронавирусот се чини дека ги окупираше сите здравствени ресурси со кои располага земјава, па пациентите со други заболувања паѓаат во втор план и имаат поголеми или помали проблеми при остварување на своите здравствени права. Подолго време целосно се затворени сите стоматолошки ординации, но и другите приватни специјалистички ординации речиси и да не работат. Иако тоа се прави за да се спречи ширење на инфекцијата, сепак ваквиот начин на функционирање ги тера пациентите да одат повторно во големите болници и клиничкиот центар каде поради големата концентрација на болни и најголеми се шансите за ширење на заразата.

Моето дете кое има 8 години и се жали на забот подолго време, вели една мајка.

– Пред неколку недели кога се уште работеа матичните стоматолози му го отворија забот и му ставија лек. После ги затворија ординациите и сега велат носи го на Клиника за стоматологија. Но зошто да одиме таму каде што се поголеми шансите за да добиеме коронавирус – прашува една мајка.

Четириесет и двегодишен Скопјанец во изјава за Слободен печат вели дека минатиот викенд добил инфекција на очите и се соочил со проблем да нема каде да оди на лекар.

– Прво мислев да одам во приватните ординации зошто таму има помалку гужва, но ниту една не работеше во сабота. Се консултиравме со матичната лекарка и таа не упати на Очна клиника во Клиничкиот центар. Како да одам таму после случајот со Клиниката за кожни болести која е сместена во иста зграда со Очната клиника – прашува нашиот соговорник.

Во еден друг случај, ќерката го однела својот возрасен татко во болницата „8 Септември“, но таму веднаш и рекле: „сакаш ли да добие коронавирус?“. Човекот бил пациент на дијализа и во многу лоша состојба, поради што и го примиле на лекување, но за жал починал после половина час.

Некои пациенти намерно не одат на лекар исплашени од тоа да не добијат ковид-19 и со тоа го изложуваат на ризик сопственото здравје.

Од Министерството за здравство секојдневно испраќаат препораки за тоа како да постапуваат пациентите кои имаат хронични болести. Последно е она за пациентите на дијализа кои доколку добијат симптоми на коронавирус треба да се обратат на Клиниката за нефрологија. Од МЗ велат дека пациентите со сида, хепатит и други хронични инфективни болести и понатаму ја добиваат потребната здравствена услуга на Клиниката за инфективни болести.

The post „Обичните“ пациенти пред пеколна дилема: Да добиеш коронавирус или да умреш од нешто друго? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....