20.8 C
Скопје
10:41 - 18 мај, 2024

Претседателот кој исчезна во екот на пандемијата – никој не го видел повеќе од еден месец

Изминатиов месец сите лидери во светот беа со полни раце работа, во прв план водејќи ги своите држави во борба против корона вирусот. Меѓутоа, постои еден исклучок, Даниел Ортега, претседател на Никарагва, кој не е виден во јавност повеќе од 40 дена.

Последен пат 74 годишниот Ортега бил забележан на 12 март за време на онлајн конференција каде учествувал на повик на шефовите на држави од Системот за интеграција на централна Америка, а на која се разговарало за пандемијата.

Во меѓувреме, Никарагва е критикувана поради лежерниот однос и пристап кон кризата. Границата, училиштата и универзитетите остануваат и понатаму отворени и не се применуваат строги мерки за превенција кои ги преземаат соседните земји.

Владата не наметнала никакви правила за спроведување на социјално дистанцирање, иако некои жители преземаат некакви активности на своја рака, одлучувајќи да се самоизолираат и се обидуваат и на други начини да го избегнат ширењето на вирусот.

-Загрижени сме поради недостатокот од социјално дистанцирање, поради масовното собирање. Загрижени сме поради тестирањето, барањето на евентуални контакти со заразени, извештаи за позитивни случаи. Исто така загрижени сме поради она што го гледаме, а тоа е неадекватна превенција и контрола над инфекцијата, вели др. Кариса Етиен, директор на Панамеричките здравствени организации и регионален директор на СЗО за Америка.

Таа додава дека се подготвени за соработка со државата со цел да се „осигура заштитата на регионот од Ковид – 19 со цел да се спасат многу животи како и да се избегнат голем број на заболени.

„Human rights watch“ одговорот на Никарагва по однос на корона вирусот го опишува како „безобразен“, со мерки кои се спротивни на советите на светските здравствени експерти и со нив ги доведува во прашање здравјето и животите на голем број луѓе.

– Ортега е единствениот латиноамерикански лидер кој не издаде јавно соопштение за тоа како ќе се справи владата со пандемијата, додаваат од организацијата за заштита на човековите права

Наместо тоа, неговата сопруга Розарио Муриљо, им рекла на граѓаните да останат смирени и да продолжат со своите активности.

Според вчерашното соопштение на Владата, во земјата има девет потврдени случаи, 12 лица се под надзор, а има и едно починато лице. Од министерството за здравство на оваа земја додаваат дека сите случаи се увезени и дека вирусот не се шири во заедницата, притоа бесконечно заблагодарувајќи му се на Бога.

Владата, и понатаму останува глува на отсутноста на Ортега.

– Нашиот командант Даниел е тука, работи и дава насоки, ги координира сите напори кои ги вложуваме и кои ќе продолжиме да ги вложуваме бидејќи имаме цврст компромис со земјата, вели Муриљо.

За време на нејзиното телефонско обраќање во неделата таа едвај и да го спомена корона вирусот и ситуацијата во земјата по однос на ова прашање.

– Се е мирно. Семејствата кои сакаат да слават во своите домови и местата кои ги посетуваат оваа недела во чест на воскреснувањето нека уживаат во нашите традиции и нашата традиционална кујна. Нашиот командант испраќа прегратки во секој дом и до секое семејство. Продолжуваме напред бидејќи сме народ на надеж, вера, истакнала Муриљо.

The post Претседателот кој исчезна во екот на пандемијата – никој не го видел повеќе од еден месец appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....