4.8 C
Скопје
17:18 - 26 ноември, 2024

Новозаразените во Нов Зеланд ги збунија властите: Дали вирусот се пренел преку пакувања со замрзната храна?

Властите во Нов Зеланд истражуваат дали новите случаи на коронавирус, кои по 102 дена беа регистрирани во земјата, се резултат на увезени пакувања со замрзната храна.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, по откривањето на четворица заразени членови на семејство од Окленд, веднаш воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град во Нов Зеланд и ограничувања за патувања низ целата земја.

Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата, кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

„Напорно работиме за да ги собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.

Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.

Во тек е тестирање на работните површини во магацин за разладување во Окленд, каде работел човек од заразено семејство, пренесува Блумфилд. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.

The post Новозаразените во Нов Зеланд ги збунија властите: Дали вирусот се пренел преку пакувања со замрзната храна? appeared first on Слободен печат.


Новозаразените во Нов Зеланд ги збунија властите: Дали вирусот се пренел преку пакувања со замрзната храна? was first posted on август 12, 2020 at 12:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....