-1.2 C
Скопје
03:18 - 19 декември, 2024

Новите возила тешко излегуваат од салон, за старите ќе паѓаат цените

Пандемијата и тоа како влијае врз продажбата на автомобили, чијшто увоз во земјава е драстично паднат, а се забележува и пад на цените кај половните возила. Според податоците на Царинската управа, од јануари до мај годинава се увезени вкупно 9.059, нови и стари автомобили, што е речиси 50 проценти помалку од истиот период лани кога биле увезени повеќе од 17.000. Дека ситуацијата со коронавирусот ѝ зададе удар и на оваа гранка, покажува и податокот дека во април се увезени само 205 нови автомобили, а нивниот број во мај изнесувал 348. Со оглед на фактот дека автомобилските плацови „крцкаат“ преполни, јасно е зошто во април се увезени само 621 половен автомобил.

Трговците од оваа бранша до скоро ги креваа рамената на прашањето како ќе влијае новонастанатата ситуација врз продажбата, а сега веќе се сигурни и дека цените на старите возила ќе паѓаат. Во автомобилската продажба последиците доаѓаат подоцна, а се чувствуваат долгорочно, велат експерти од оваа област.

– Реално, продажбата на нови автомобили е намалена. Најдрастично беше во април, но иако во мај се почувствува некаква раздвиженост, како според посетата во автосалоните, така и при продажбата, со зголемувањето на бројките на новозаразени со коронавирусот, состојбите повторно стагнираат. Во автопродажбата, последиците од каква било криза почнуваат подоцна и траат подолго. Нам ни требаа неколку години да се вратиме на добри позиции по економската криза во 2009 година. Така, продажбата на нови автомобили почна да расте дури во 2015-та. Но, мора да се живее и да се прифати новата реалност – вели за „Слободен печат“ Ана Трајковска, маркетинг-менаџер во „Тојота центар“.

За разлика од дел од економските оператори, автосалоните во земјава не беа затворени, а увозниците се обидуваат да допрат до потенцијалните клиенти со атрактивни ценовни понуди и капитално финансирање и тоа според Трајковска наоѓа на добар одзив кај клиентите.

– Иако е неблагодарно да се прогнозира, најголемиот дел од увозниците во март проценуваа дека состојбата со продажбата ќе почне да закрепнува во јуни. Споредбените податоци за продажби во изминатите години покажуваат дека во оваа бранша, пикот е април-мај-јуни. Но, граѓаните сега повеќе размислуваат како ќе ги потрошат своите пари, што е нормално во ваква ситуација. Ако купувањето стан е луксуз број еден, тогаш купувањето нов автомобил е на второто место – додава Трајковска.

Ништо подобро не оди ниту кај продажбата на стари возила.

– Погледнете, сите лагери се веќе преполни и ќе мора да се стори нешто за да се поправи состојбата. Кому му е сега до нов автомобил, било нов или половен? Ќе се прилагодуваме и ние. Автомобилите се увезени, платени, а сега стојат и собираат прав. Ќе мора да ги чистиме залихите, но тоа нема да се случи во догледно време – велат увозници на стари автомобили.

На страниците на кои вообичаено се нудат вакви автомобили, нема некоја количинска промена во однос на огласите, но со оглед на фактот дека ваквите продажби се лице в лице, флелсибилноста во однос на цените сега е поприсутна.

Најизразит пад кога станува збор за продажбата на возила почувствува Италија – дури 85 проценти. Во Франција е забележан пад од 72 проценти, а во Шпанија падот изнесува 69 проценти.

The post Новите возила тешко излегуваат од салон, за старите ќе паѓаат цените appeared first on Слободен печат.


Новите возила тешко излегуваат од салон, за старите ќе паѓаат цените was first posted on јуни 30, 2020 at 12:57 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....