1.8 C
Скопје
17:19 - 23 декември, 2024

Новинарите не носат панцири на фронтот за вистината

Во само една вечер двајца новинари добија смртни закани – едниот преку Фејсбук, а вториот и „во живо“, „надграден“ со физички напад. Мирослава Бурнс од „Слободен печат“, поради објавен текст за свадба во Тетово, на која не се почитувале мерките за заштита во услови на пандемија добила смртни закани на Фејсбук, а Љупчо Златев од порталот „Економски лидер“, според неговоте зборови, имал „блиска средба“ со дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков во скопско кафуле.

Реагираа новинарскиот синдикат, Здружението на новинари и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со остра осуда на насилството. И толку! Ниту збор или реакција од Обвинителството или други надлежни институции. Што им дава сила на насилниците за уште поголем притисок во иднина.

Тие што се закануваат обично се фалат дека „имаат грб“ кај моќници, односно кај политичари, партии, локални „шерифи“, тајкуни… И најчесто е така. Зашто, многу ретки се случаите во кои е процесуирано насилството од секаков вид врз медиумските работници. И да е, казните се такви што ја немаат потребната превентивна улога. Законите не ги штитат медиумските работници, а и спрегата на партиите со судството влијае на ретките и благи судски пресуди по новинарските приватни тужби.

Но зошто медиумските работници да мораат приватно да тужат? За да се заштитат себе си од притисоците во иднина, а вршат дејност од посебен општествен интерес? За да добијат лична сатисфакција дека се во право и дека не се умислени самобендисани ѕвезди? Затоа што им е многу мерак со скромните новинарски плати да плаќаат адвокати и да се влечат по судови во кои, нели, правадата е бавна. А и мошне скапо е да се дојде до неа, не само поради потрошените пари, туку и поради изгубеното време и нерви за да се истурка работата докрај во нашето „независно“ и „некорумпирано“ судство!?

Зошто насилството, ако се утврди од МВР, да не се процесуира низ институциите на системот и зошто Обвинителството не реагира по службена должност? Дали некому одговара работите да останат такви какви што се за да може да се врши притисок врз медиумите и со „методите на подземјето“, какви што се, на пример, фотографии на комбајни што мелат жито, пратени во „инбокс“!?

Во толку извиканиот социјализам новинарите беа општествено-политички работници. Промената на системот нужно ја прекина папочната врвца меѓу тогашните „средства за јавно информирање“ и политиката. Во претходното политичко уредување, весниците, на пример, беа органи на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, на Сојузот на комунистите итн.  Но требаше ли со валканата вода да го исфрлиме и детето, односно, во случајов, третманот и заштитата на новинарите?

ССНМ во соопштението повторно потсети на повеќегодишните заеднички заложби со ЗНМ дека нападите врз новинарите и медиумските работници треба да бидат третирани како напад врз службено лице, односно институциите да бидат обврзани по службена должност да преземаат мерки и дејствија. Тоа подразбира да се покрене иницијативата за промена на Кривичниот закон, според кој нападите врз новинарите ќе бидат третирани како напад врз службено лице.

Во август претстои конституирање на новиот состав на Парламентот. Политичките партии кои ќе имаат свои пратеници во собраниските клупи во наредните четири години, во јавните настапи постојано укажуваат на нужноста од слобода за јавно искажаниот збор, за потребата од слободни медиуми, за заштита на „седмата сила“ од сите други „сили“ во општеството. За да не биде таквата поддршка само декларативна, идните пратеници имаат шанса од зборови да преминат на дела. И тоа со конкретен предлог за измена на Кривичниот закон со член во кој ќе пишува дека нападот врз медимски работник ќе се третира како напад врз службено лице. Со тоа, и казните врз напаѓачите ќе бидат сосема поинакви за да ги опаметат сите што се обидуваат да ги заплашат новинарите и останатите медиумски работници.

Новинарите немаат „униформа“ како други службени лица, но и без панцир се во првите редови во борбата за слобода на јавно искажаниот збор и за демократијата. Тогаш, да ги заштитиме!

The post Новинарите не носат панцири на фронтот за вистината appeared first on Слободен печат.


Новинарите не носат панцири на фронтот за вистината was first posted on јули 27, 2020 at 9:01 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....